Парчиња облека со риги коишто одговараат на сечија фигура

Ригите се присутни на женските парчиња облека уште од далечната 1917 година, потекнувајќи од Париз, како одговор на женските фустани од Коко Шанел коишто тогаш владееле на модната сцена. Коко Шанел ја направила првата модна револуција, додавајќи машки елементи на женска облека, па ригите долго време биле сметани како феминистичка модна изјава.

Низ историјата, по ригите биле познати многу личности, како што се Одри Хепберн, Џејмс Дин, Мерлин Монро, а дури и Пабло Пикасо. Со тоа може да се заклучи дека дијагоналните риги коишто веќе стотина години не излегуваат од мода, не прават да изгледате пошироки, туку повеќе шик. Сепак, постојат неколку трикови коишто ќе ви помогнат да ги направите совршените комбинации на ваквите парчиња облека. Погледнете ги овие неколку ригести парчиња облека коишто одговараат на сечија фигура.

1. Вертикални риги на критични места

Вертикалните риги го збунуваат окото на набљудувачот и прават да изгледате послаби. Здолништето со крој во форма на молив, може да одговара и на жени со пошироки колкови ако на него се наоѓаат вертикални риги, а маичката или фустанот со дебели или ситни вертикални риги може да ја издолжи целата фигура.

(1) Парчиња облека со риги коишто одговараат на сечија фигура

2. Правило 90:10

За да се избегне ефектот на вишок килограми кај обичните ригести маици, многу модни експерти советуваат за правилото 90:10, што значи 90 проценти светли бои, наспроти 10 проценти темни.

(2) Парчиња облека со риги коишто одговараат на сечија фигура

3. Хоризонтални риги коишто ја следат силуетата

Не треба да се плашите од ригите ни кога ја следите линијата на телото. Ако пак се работи за опуштена туника или фустан, ефектот на витка фигура ќе го постигнете со каиш или трака околу струкот.

4. Структурни или опуштени парчиња облека коишто наликуваат на машка кошула

Долгите опуштени кошули со или без ракави се одличен избор за оние коишто сакаат да го сокријат стомакот и да ги покажат слабите нозе. Руската јака со продолжено V деколте или пак, со двете први копчиња откопчани, ќе создадете ефект на издолжување и вашите недостатоци ќе останат сокриени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар