Овие реченици совршено ја доловуваат суштината на секоја жена

Сценаристката Памела Рeдмонд Сатран напишала неколку реченици што ќе ви го поматат вашиот разум, бидејќи сигурно сте размислувале за нив, но никогаш не сте го нашле најдобриот начин за да ги искажете. Таа ги помешала љубовта и виното, мудроста и рецептите, разделбата и фустаните, и ни покажува која е суштината на секоја жена. Овој текст не е наменет само за посилниот пол, кој треба да го насочи своето внимание онаму каде што е потребно, туку и за жените кои ќе научат како да се почитуваат себеси и од секоја животна битка да излезат појаки.

1-ovie-rechenici-tochno-ja-objasnuvaat-shto-e-sushtinata-na-sekoja-zhena-dobro-e-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

Секоја жена треба да има…

1. Доволно сопствени пари, за да може да замине и да си изнајми стан, дури и ако таа никогаш не го посакала тоа, или тоа никогаш нема да и боде потребно.

2. Нешто посебно што може да го облече ако има ненадејно интервју за работа во фирмата каде што отсекогаш се замислувала или за љубовен состанок од своите соништа кој ќе се случи за само еден час.

3. Неколку младешки гревови, за кои, со задоволство, ќе зборува во својата старост.

4. Сет од шрафцигери, безжична дупчалка и црн градник со чипка.

5. Еден пријател кој секогаш може да ја развесели и лесно ќе ги избрише солзите од нејзините образи.

6. Барем едно парче пристоен мебел, кое таа го купила сама, а не е семејно наследство.

7. Чувство дека самата управува со својата судбина.

2-ovie-rechenici-tochno-ja-objasnuvaat-shto-e-sushtinata-na-sekoja-zhena-dobro-e-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_

Секоја жена треба да знае…

1. Како да се заљуби, и да не се изгуби себеси во таа љубов.

2. Како да даде отказ на работа, да напушти маж, да се спречка со пријателката – и при тоа да ги сочува добрите односи со сите, бидејќи таа само го направи најдоброто за себе.

3. Кога да биде упорна, а кога да попушти.

4. Дека не може да ја промени должината на своите нозе, ширината на своите колкови, и своите родители.

5. Дека нејзиното детство, најверојатно, не било совршено, но тоа веќе одамна поминало.

6. Што вреди, а што не вреди да се прави поради љубовта, или поради нешто друго што ѝ е многу важно во животот.

7. Како да живее самостојно, дури и ако тоа не ѝ се допаѓа.

8. Во кого може да има доверба, а во кого не. И зошто не треба да го сфаќа тоа лично.

9. Каде да оди кога нејзината душа бара утеха – кај својата другарка со шише вино или во шармантен хотел надвор од градот.

10. Што може, и што не може да направи денес… за еден месец… за година.

3-ovie-rechenici-tochno-ja-objasnuvaat-shto-e-sushtinata-na-sekoja-zhena-dobro-e-da-gi-znaete-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар