Овие 5 производи ја ублажуваат депресијата и го подобруваат расположението

Недостатокот на одредени материи може да придонесе за влошување на расположението кај личноста која пати од депресија. Бројни научни студии имаат покажано дека личностите чија исхраната е богата со овошје, зеленчук, јаткасти плодови и риба се изложени на помал ризик од депресија. Оваа храна е вистинскиот избор кога станува збор за менталното здравје.

eating japanese food

1. Лосос

Кај многу личности кои патат од депресија е забележано намалено количество на омега-3 масни киселини, кои инаку го подобруваат расположението и ги намалуваат воспаленијата. Научната студија која е објавена во 2014 година во списанието „American Journal of Epidemiology“ покажува дека луѓето кои јадат риба најмалку 2 пати неделно имаат за 25% помал ризик од депресија.

2. Домат

Истражувачите во 2013 година спровеле студија со цел да пронајдат врска помеѓу симптомите на депресијата и консумирањето домати и храна која го содржи овој здрав производ. Резултатите кои се објавени во стручното списание „Journal of Affective Disorders“ покажале дека луѓето кои често јадат домати имаат дупло помал ризик од депресија. Доматот содржи ликопен, антиоксиданс кој благотворно влијае на здравјето на срцето, спречува мозочен удар и депресија.

3. Леблебија

Кај луѓето кои патат од депресија е забележано ниско ниво на витамин Б, особено од типот Б6, кој влијае врз регулирањето на метаболизмот и разложувањето на сите невротрансмитери, вклучувајќи ги серотонинот и допаминот. Леблебијата е одличен извор на овој витамин, па затоа се препорачува да го додадете овој здрав производ во вашата исхрана.

2-ovie-5-proizvodi-ja-ublazhuvaat-depresijata-i-go-popravaat-raspolozhenieto-www.kafepauza.mk_

4. Цели зрна од житарки

Во јуни, 2015 година во списанието „American Journal of Clinical Nutrition“ е објавено дека постои врска помеѓу внесувањето растителни влакна и ризикот за развој на депресија. Објавени се и резултати кои покажуваат дека преработените зрна од житарки го зголемуваат ризикот од депресија. Научниците сметаат дека тоа е така, бидејќи преработените житарки нагло го менуваат нивото на шеќерот во крвта, па така може да дојде до ненадејни промени во расположението и промена на нивото на хормоните како што се адреналинот и кортизолот. Затоа најдобро е во вашата исхрана да додадете цели зрна од житарки (овесни снегулки, киноа, хељда), кои се одличен извор на сложени јаглехидрати, богати со растителни влакна и позитивно влијаат на здравјето.

5. Семки и јаткасти плодови

Јаткастите плодови се вистинска супер храна, бидејќи нудат тројна заштита од депресија – богати се со протеини и аминокиселини, здрави масти и триптофан кој го зголемува нивото на серотонин. Затоа оревите, лешниците и бадемите можат да бидат одличен избор за ужина, а нема да погрешите и ако грицкате семки од сончоглед или тиква.

3-ovie-5-proizvodi-ja-ublazhuvaat-depresijata-i-go-popravaat-raspolozhenieto-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар