Оваа зима ролката стапува на сцена: 5 тренди начини на кои можете да ја носите!

Иако во текот на есента џемперите се најпопуларното парче, веднаш по нив следат ролките. Многу се удобни, топли и меки, а нивното „проширување“ кое оди до врвот на вратот е одлична замена за шал.

Можете да ги носите под кошули, тенки јакни и како главно дневно парче, а ние во овој текст ќе ви предложиме 5 начини на кои ќе можете да го истакнете „ролка“ стилот.

1-ovaa-zima-rolkata-stapuva-na-scena-5-trendi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-www.kafepazua.mk_

1. Класична ролка

Како изгледа: Тенка, лесна, залепена за телото, горниот дел оди до врвот на вратот и се превиткува.

Како да ја носите: Носете ја како основа под јакната, блејзерот или големиот џемпер за да ви биде што потопло. Одлично стои и со фустан без ракави, па така летните фустани не мораат да бидат заборавени скоро цела година.

Најдобро стои со кожна јакна – ако сакате кул, опасен изглед. Во комбинација со пончо ќе добиете опуштен изглед за прошетка или „кежул“ излегување на кафе со пријателките. Со овие ролки секоја комбинација е дозволена.

2-ovaa-zima-rolkata-stapuva-na-scena-5-trendi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-www.kafepazua.mk_

2. Преголема, XXL ролка

Како изгледа: Најудобната можна ролка, топла, главно плетена со интересен дизајн, најчесто во вид на плетенки.

Како да ја носите: Бидејќи е голема, удобноста е загарантирана, но мора да водите сметка на кој начин ќе ја комбинирате. За одличен баланс, одберете тесни фармерки или хеланки со полудлабоки чизми или гумени чизми кои се одлични за врнежливите денови. Ако ролката ви е предолга, може да ја носите како фустан со длабоки чизми.

На овој начин ќе ги ускладите горниот и долниот дел од телото и нема да изгледате како голема топка, туку како жена која сака опуштеност, удобност и која знае што е тренд.

3. Ролка без ракави

Како изгледа: Логично – без ракави, подолга и оди залепена за телото со тенко продолжување кон вратот.

Како да ја носите: За овој модел размислувајте како да е спротивност од класичниот. Бидејќи е без ракави, идеална е за комбинирање со тенки блузи и фустани со долги ракави.

За поинтересен изглед, закачете брош на местото околу вратот или на страна, точно над градите.

4-ovaa-zima-rolkata-stapuva-na-scena-5-trendi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-www.kafepazua.mk_

4. Ролка која се превиткува

Како изгледа: Преголема околу вратот, може да се превиткува неколку пати.

Како да ја носите: Овие ролки може да се пронајдат во различни големини и модели – и сите се совршено тренди, од оние тенките, па до преголемите.

Опуштената ролка која паѓа напреку дава опуштен изглед и одлично се комбинира со фармерки. Исто така може да биде одличен моден додаток, бидејќи е голема, па може да биде како замена за шал кој подизлегува од јакната или капутот. Но сепак, изборот е ваш дали ќе ја извадите надвор или ќе ја скриете под јакната.

5-ovaa-zima-rolkata-stapuva-na-scena-5-trendi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-www.kafepazua.mk_

5. Плитка ролка

Како изгледа: Ова ролка е за сите оние коишто не ја сакаат класичната должина на ролките. Таа е до средина на вратот и потполно е опуштена – вистинска за оние кои ги гушат ролките „до уши“.

Како да ја носите: За да привлечете внимание на вашиот врат, земете големи обетки кои ќе ја направат својата магија.

Оваа ролка е идеална за која било облека и се комбинира со се. Фармерки, хеланки, здолништа со молив крој… Едноставно завлечете ја во долниот дел на облеката и ќе добиете фантастичен, лежерен изглед со кој ќе можете да одите на работа, но и на некоја домашна забава.

6-ovaa-zima-rolkata-stapuva-na-scena-5-trendi-nachini-na-koi-mozhete-da-ja-nosite-www.kafepazua.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар