Ова растение е најздравата и највкусната веганска алтернатива на рибите

Ова растение е најздравата и највкусната веганска алтернатива на рибите

Ако долго време размислувате за веганството, сега е вистинско време да се одлучите за тоа, поради сите придобивки што може да ви ги обезбеди. Ова ново растение полно со протеини не е новина во азиската кујна, но полека доаѓа на Запад и луѓето стануваат сè повеќе свесни за екологијата и исхраната, па можете да го додадете на списокот со намирници што треба да се консумираат.

Ова растение е најздравата и највкусната веганска алтернатива на рибите

Полно е со хранливи материи и е генијална замена за рибите, а откако ќе се приготви, изгледа како риба. Станува збор за цветот од банана што можете да го користите во кујната на различни начини. Овој цвет се нарекува и срцето на бананата и е голем розов цвет во форма на солза, кој расте на дното на еден куп банани. Деловите од цветот (неговата внатрешност) може да се јадат сурови или зготвени, додека надворешните ливчиња се доста тврди и не се јадат.

Зошто цветот од банана е најдобрата алтернатива за рибите?

Најпрво, тој е полн со хранливи материи. Содржи витамини А, Е и Ц, минерали како магнезиум и калиум, влакна кои помагаат при варењето на храната, антиоксиданти и полифеноли. Цветот од банана има неутрален вкус, така што многу лесно може да ги впие вкусовите од зачините или од другата храна што ќе ја приготвите со него. Можете да користите прав од алги или снегулки од нори, поради што ќе добие автентичен вкус на риба.

Неговата неутрална основа е одлична за употреба со лимони, копра и сол, што најмногу се користат во рецептите за морска храна, па дури и кога ќе го гризнете, ќе се распадне исто како рибите.

Начин на подготовка

Да направите јадење од цвет од банана е навистина едноставно. Додека во Азија може да се најде буквално на секој агол од градот, во нашиот регион можете да го најдете во продавниците за здрава храна. Во зависност од тоа како сакате да го подготвите, можете да изберете дали да го купите свеж, спакуван или конзервиран.

За чистење на свежиот цвет ви треба одредена практика бидејќи тоа вклучува чистење на тврдите надворешни ливчиња додека конечно не стигнете до централниот дел, до срцето кое се наоѓа во центарот на цветот. Откако ќе стигнете до делот што може да се јаде, исечете го и подгответе го според рецептот што ќе го погледнете во видеото.

Прочитајте што е бета-глукан и зошто му се припишуваат супермоќи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар