Ова е фризурата за сите временски прилики и неприлики

Ова е фризурата за сите временски прилики и неприлики

Во последно време најатрактивна и најбарана фризура е пажот, без разлика дали во кратка или во подолга варијанта. Со неа не би ви требало многу време за да ја доведете вашата коса во најдобар ред. Меѓутоа, ако сте меѓу оние девојки кои по никоја цена не би ја пострижале својата коса, потполно ве разбираме. Косата е едноставно важна. Секогаш се обидуваме да изгледаме убаво, а ако фризурата ни е лоша, тогаш автоматски и денот е лош.

Ви претставуваме фризура, која дефинитивно не е некое ново откритие, но дефинитивно е створена за сите прилики. Без разлика дали сте тргнале во продавница, на работен состанок, во школо, на факултет или на забава – високата пунџа е полн погодок!

1-ova-e-frizurata-za-site-vremenski-priliki-i-nepriliki-www.kafepauza.mk_

Па според ова, јасно ви е дека не ви се потребни никакви специјални моќи за да ја направите, а сепак се прашувате во што е магијата? Па вака, магијата се крие во тоа што оваа фризура ветерот не може да ја растури. Ако спаѓате во онаа група девојки на кои секое влакно на главата им има свое место и не поднесувате ако нешто се подмрдне, оваа фризура е идеална за вас.

2-ova-e-frizurata-za-site-vremenski-priliki-i-nepriliki-www.kafepauza.mk_

Со високата пунџа секогаш ќе изгледате примерно во секоја ситуација. Таа може да биде залижана и сериозна или растурена и слатка. Погледнете ги само фризурите на црвениот тепих и ќе ви стане јасно дека таа никогаш нема да излезе од мода. Високата пунџа е како малиот црн фустан, трендовите се менуваат, но таа останува, како некоја класика.

3-ova-e-frizurata-za-site-vremenski-priliki-i-nepriliki-www.kafepauza.mk_

Но, секогаш можете да додадете и свој личен печат и така да бидете поразлични од другите. Не мора секогаш да ја правите оваа пунџа со трикот со чорапот. Погледнете го овој сладок и мазен изглед на Рита Ора. Висока пунџа – да, обичен изглед – не. Ќе кажете дека ова е дело на некој фризер и тоа е потполно во ред, но земете ја фотографијата во раце и право во фризерски салон.

Без разлика дали е лето или зима, оваа фризура секогаш ќе ве спаси. Не мора да ја исправувате или виткате вашата коса за да бидете занесни. Заштедете време и само во неколку чекори ќе изгледате беспрекорно.

4-ova-e-frizurata-za-site-vremenski-priliki-i-nepriliki-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар