Освежителна ладна супа од краставици

Освежителна ладна супа од краставици

Кремаста текстура која се бори со летните горештини

Освежителна ладна супа од краставици

Потребни состојки за 5 порции:
  • 2 големи краставици, со исчистени семки и ситно исечкани
  • 400 мл грчки јогурт
  • 3 лажици цеден лимон
  • една глава ситно исечкан млад кромид
  • едно чешне лук
  • малку мирудија
  • малку магдонос
  • 2 лажици естрагон
  • 60 мл маслиново масло
  • сол и бел пипер
  • половина глава ситно исечкан црвен кромид
Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги краставиците, јогуртот, лимоновиот сок, кромидот, лукот, мирудијата, магдоносот, естрагонот и маслиновото масло. Мешајте додека добиете хомогена смеса. Потоа додајте сол и бел пипер и оставете ја супата 8 часа во фрижидер за добро да се излади. Потоа декорирајте со ситно исечканиот црвен кромид и со ситно исечкани парчиња краставица.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.