Она што те прави дама не може да се измери – тоа го чувствуваш, со тоа зрачиш...

Она што те прави дама не може да се измери – тоа го чувствуваш, со тоа зрачиш…

Многу е тешко да се дефинира поимот елеганција. Но, затоа пак, секогаш можеме да ја препознаеме без ниту најмал сомнеж. Тоа е поради начинот на кој жената оди, начинот на кој таа говори. Елеганцијата се препознава во држењето на жената, како таа ја носи облеката, во леснотијата на нејзината насмевка, односно во сите оние мали детали кои го оставаат мажот маѓепсан. Елеганцијата не може да се измери – таа се чувствува, таа зрачи и свети.

1. Елегантната жена секогаш е свесна за својот изглед

Кога некој ќе ве погледне, што тој всушност гледа? Жена која безволно оди кон своето работно место со спуштен поглед? Жена која чека автобус со мрачен израз на лицето кој покажува дека е уморна од сè? Како се случило ова? Кога ова слика станала дел од вас? Единствениот одговор е – секојдневната рутина, преголемата грижа за животните проблеми, а смеата во вашиот животот е сè помалку присутна.

Елегантната жена научила како да го контролира својот изглед и однесување. Сепак, ова не значи дека треба да започнете да се смеете со сила, за само да ја сокриете вистинската слика. Наместо тоа, ова активност би требало да стане вашата втора природа. Таа ги вклучува обидите да блескате со позитивност и оптимизам, дури и во моментите кога сте сами. Запомнете, овде не се работи за тоа да бидете насмеани, среќни и со убаво држење на телото само додека сте во друштво на своите пријатели и познаници, туку многу поважно е да се чувствувате удобно во длабочината на вашето битие.

2. Елегантната жена знае да се сака себеси, научете и вие!

Жената која се сака себеси, знае да забави и да се опушти. Таа ужива во звуците на тишината. Таа подобро би гледала во облаците, отколку во телевизискиот екран. Што било да работи, таа никогаш не се турка до работ на потполна исцрпност. За неа нема никаква смисла да се „убива“ на работното место поради поголем успех или за да ги усреќи своите најмили, бидејќи знае дека тоа е пат кој не води никаде. Од друга страна пак, кога ќе научите да се опуштите и да почувствувате мир и благосостојба во себе и со светот, тогаш ќе имате можност почувствувате исполнетост и на работното место и во домот. Обидете се да ги наполните вашите внатрешни батерии, да станете среќни и да донесете светлина во туѓите животи.

2-ona-shto-te-pravi-dama-ne-mozhe-da-se-izmeri-toa-go-chuvstvuvash-so-toa-zrachish-www.kafepauza.mk_

3. Елегантната жена не дозволува ништо да ја исфрли од рамнотежа!

Елеганцијата ѝ се смее во лице на катастрофата. Дамата никогаш не е лицемерна на светот околу себе и неповолните животни изненадувања не ги сфаќа како лична навреда. Секоја личност на овој свет секојдневно добива доволна доза на причини дека може да се заштити самиот себеси. На нас останува да одлучиме дали ќе ја искористиме секоја пружена прилика и ќе извлечеме нешто корисно или пак само ќе седиме и ќе плачеме над нашата судбина. Елеганцијата доаѓа од ставот дека добрината на вашата душа е секогаш над сè. Дамата никогаш не чувствува потреба да озборува некого, бидејќи таа е полна со самодоверба и воопшто не ја интересира животот на останатите. Таа ги сака своите години, бидејќи знае дека секој период од животот носи нешто свое, затоа никогаш нема да ја слушнете како пати за деновите од младоста и затегнатото лице.

4. Елегантната жена знае како да ги прифати погледите на восхитување!

Жената со добар стил секогаш е во центарот на вниманието. Таа знае како да ги прифати пофалбите и погледите на восхитување. Таа не се плаши од популарност, ниту пак се заслепува со неа, бидејќи таа знае колку вреди. Ако нејзиниот колега ѝ упати некој комплимент, таа нема да одговори со „Не верувам, оваа блуза е навистина стара!“. Таа ќе го прифати комплиментот здраво за готово, а на колегата за возврат само ќе му се заблагодари.

3-ona-shto-te-pravi-dama-ne-mozhe-da-se-izmeri-toa-go-chuvstvuvash-so-toa-zrachish-www.kafepauza.mk_

5. Елегантната жена се чувствува пријатно во сопственото тело

Ако сè уште мислите дека елегантната жена мора да поседува тенок струк, бујни гради и извиени колкови, тогаш ова е крајно време да заборавите на овој стереотип. Има многу примери на шармантни, весели, нежни, пополни жени кои зрачат со исклучителна елеганција и самодоверба. Тие знаат како да ја носат гардеробата која е во хармонија со нивното тело. Всушност, кршењето на денешните модни барања и граници е доста секси и добредојдено.

6. Елегантната жена никогаш не е роб на правилата и конвенциите

Вистинската дама секогаш знае како да се прилагоди на дадената ситуација. Таа знае дека нема потреба да носи тесна, кожна јакна додека е на пикник. Ниту пак ќе облече високи потпетици за обична прошетка во парк или тесен костим во топлите денови. Не верувајте им на оние кои елеганцијата и перфекционизмот го нарекуваат оружје за успех или дека слободно пуштената коса е грешка за добар изглед. Слушајте ја својата интуиција, нурнете длабоко во себеси, бидејќи таму се кријат сите одговори и недоумици. Доколку чувствувате дека вашата коса изгледа прекрасно во својата природна состојба, тогаш пуштете ја и кренете ја главата. неудобните високи потпетици секогаш може да се заменат со удобни рамни сандали. И без разлика што и да правите, немојте да ја закопате вашата внатрешна индивидуалност со некои педантни црни или бели класични фустани! Бидејќи, кога станува збор за модните правила, тие се тука за да се кршат. Најважно е чувството!

4-ona-shto-te-pravi-dama-ne-mozhe-da-se-izmeri-toa-go-chuvstvuvash-so-toa-zrachish-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар