Односот помеѓу сестрите не е секогаш совршен. Зошто е тоа така?

Односот помеѓу сестрите е еден од најцврстите. Тие споделуваат многу слични интереси, си раскажуваат длабоки тајни и си даваат голема меѓусебна поддршка којашто делува како неисцрпна. Сепак, има многу случаи кога тој цврст однос се нарушува и потоа работите веќе не можат да се вратат како некогаш. Што го предизвикува ова?

Односот помеѓу сестрите не е секогаш совршен. Зошто е тоа така?

Улогата на родителите

Односот помеѓу децата првенствено се формира под влијание на возрасните. Секој родител би се заколнал дека подеднакво ги сака своите деца, но во реалноста, една од ќерките често се чувствува повредено. Не забележувајќи, родителите постојано ги споредуваат сестрите, па излегува дека едната е секогаш поуспешна, попослушна, поталентирана и попаметна од другата. Онаа која „не успеала“, логично, чувствува огорченост – и кон семејството и кон својата сестра, што води до болни меѓусестрински односи.

Можно е и поинакво сценарио: ќерката која е „помалку успешна“ е постојано под заштита од родителите заради тоа што тие веруваат дека ѝ е потребна поголема поддршка, што пак води до збунетост кај другата сестра и нарушување на нивниот меѓусебен однос. И овој вид однос може да постане доста непријатен.

Ривалство

Не постои поблизок однос од оној меѓу две сестри. Тие се дел од семејството кој секогаш ќе претставува тим. Но, тоа не го исклучува меѓусебното натпреварување – заради внимание од машките, љубов од родителите, професионален успех, па дури и за домаќинлак. Тешко е да се поверува дека толку блиска личност би можела да ни нанесе штета, но сепак има многу случаи кога тоа се случува. Корените на ривалството лежат во борбата за единствено место во семејството.

Несозреана сестра

Безгрижното среќно детство е зад вас, а вашата сестра не може да го разбере тоа. Порано сте си позајмувале облека и сте си помагале околу училишните работи, па зошто сега не би можеле заедно да ги решавате посериозните проблеми? Ако сте вие постарата сестра и ако барањето помош стане хронична потреба на другата сестра, нормално е да се чувствувате повредени бидејќи не можете вечно да останете дежурни за решавање на туѓите проблеми. Секој си има и свои грижи. Во тој случај, мора да научите да ѝ кажете на сестра си „не“ – инаку нема да ви преостане ништо од вашиот личен живот.

Прочитајте и какво влијание имаат браќата и сестрите на вашиот карактер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар