Одбирам да блескам!
Пред вас е уште еден прекрасен ден, на повидок ви е успешен период, но не затоа што така пишува во вашиот хороскоп, туку бидејќи вие сте одлучиле дека го сакате тоа. За сè што посакувате вреди да се борите, а истото може да го имате.

Вдишете длабоко и на глас кажете ги вашите брилијантни квалитети, зашто не е срамота да се цените, туку е крајно глупаво да се потценувате!
Прв чекор – самодоверба
Јас сум девојка која ужива во својата несовршеност и е посакувана поради нејзината несовршеност, јас сум девојка која го сака својот одраз во огледало и која не мисли дека е грев да се сакаш самиот себе.
Втор чекор – борбеност
Мене не ме гушат животните проблеми, јас сум борец и ги победувам, мене ме гушат глупавите непишани правила во општеството и затоа грубо газам по нив и ги прекршувам. Не, никој нема да ми застане на патот кога имам цел и причина!
Трет чекор – потхранување на егото
Јас одлучувам каде одам, што ќе правам и како ќе правам, зашто самата сум своја господарка, самата владеам со својата душа и со своето срце. Јас сум девојка која преболува скршено срце со чаша добро вино, а не со лигави филмови, јас сум девојка која животот може да ти го претвори во рајска градина, но и во вистински пекол.
Четврт чекор – самостојност
Јас сум жена, која не мора да шета на работа по кусо здолниште за да биде ценета и забележана, јас не сум материјал за потхранување на нечие его и нечија машкост. Јас сум девојка која одлично функционира кога е сама без да биде зависна од маж, бидејќи и самата чекорам доста стабилно, па не ми треба некој за да ми одржува баланс во животот.
Петти чекор – стоп за лажните идоли
Јас не се восхитувам на глупави и плитки личности, јас се борам да оставам значаен белег за другите да ми се восхитуваат мене, но не поради моето богатство и работите кои ги поседувам, туку поради способноста да бидам единствена, успешна и неповторлива. Во меѓувреме мојата инспирација ќе бидат длабоките луѓе, паметните, борбените, иновативните, различните…
Шести чекор – мојот животен избор
Одбирам да бидам среќна, жедна за знаење, инспиративна и оригинална. Прекрасна сум и го знам тоа, а мојот животен избор е да оставам трага со своето постоење!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
