Никогаш не е предоцна да станете тоа што отсекогаш сте сакале да бидете

Никогаш не е предоцна да станете тоа што отсекогаш сте сакале да бидете

Кога бевме деца и одевме на училиште, постојано размислувавме за тоа што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме. Некои од нас сакаа да бидат доктори, други научници, трети астронаути… Некои сакаа да бидат пејачи, други балерини, трети музичари… За некои луѓе оваа детска желба се претворила во главна животна цел.

Никогаш не е предоцна да станете тоа што отсекогаш сте сакале да бидете

Некои од нас никогаш не се премислија во врска со тоа што сакаат да бидат. Некои луѓе имаат јасна визија на она што сакаат да го прават и како да стигнат до таму. Некои се осмелиле да го прават токму тоа што отсекогаш сакале да го прават.

Но, за некои, тоа било само привремен сон. Нешто што го помислиле како деца само за момент. Некои го изгубиле патот. Не можеле да бираат. Не знаеле како. И сега кога пораснале и кога размислуваат за работите што сакале да ги прават, се прашуваат зошто не можеле да одберат едно нешто и да се држат до тоа.

Убаво е да се знае кој пат да се одбере. Убаво е да знаете точно што сакате да правите и како да си ги исполните желби. Но, понекогаш мора да се изгубите повеќе пати и да завршите на истото место, за да откриете што сакате во животот.

Очекуваме работите да се случат онака како што сме си замислувале. Мислиме дека нашата судбина самата ќе се разоткрие. Мислиме дека нашите планови секогаш ќе успеат и дека никогаш нема да се премислиме. Размислуваме за планот А, но забораваме на планот Б. Не размислуваме дека животот е непрестаен вртлог од пречки и проблеми.

Можеби моментално не сте таму каде што сакате да бидете. Можеби се споредувате со другите и се прашувате зошто не сте стигнале толку далеку. Но, тоа не е ваш проблем. Ако не сте дознале што сакате да правите, почнете да размислувате.

Сите ние имаме свој посебен пат што мора самите да го одбереме. Ни била подарена привилегијата да имаме слободна волја и способноста да станеме такви какви што сакаме да бидеме. Тоа не значи дека вие сте згрешиле, а другите постапиле правилно. Тоа значи дека сѐ уште не сте дознале што сакате. Но, кога ќе дознаете, ќе го добиете тоа што го сакате. Ќе стигнете таму каде што сакате да бидете. Никогаш не е предоцна да станете тоа што отсекогаш сте сакале да бидете.

Доколку се чувствувате изгубено, прочитајте ги овие 5 знаци дека сте на вистинскиот пат во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар