Неверојатни придобивки од медот за вашата убавина

Медот е вкусен и незаменлив во комбинација со слатки јадења и напитоци. Но исто така делува мошне благотворно кога станува збор за вашата надворешна убавина.

Неверојатни придобивки од медот за вашата убавина

Третман против акни

Нанесете малку мед врз акните, почекајте 10-15 минути па исплакнете.

Против лузни

Медот има ефект на избелување. Користете го доколку имате некакви лузни и по редовна употреба, медот ќе ја изедначи кожата без разлика дали станува збор за нови или стари траги.

За осветлување на косата

Природната моќ за избелување го прави медот ефективен во осветлувањето на бојата на косата. Измешајте една кафена лажичка необработен мед со 6 кафени лажички дестилирана вода и нанесете го по површината на целата коса. По еден час добро измијте ја. Правете го ова еднаш неделно, а доколку сакате подобри резултати може да додадете и една лажичка цимет во прав.

Во улога на восок за депилација

Измешајте една кафена лажичка необработен мед со една кафена лажичка кафеав шеќер и една супена лажица свежо исцеден сок од лимон. Зовријте ја смесата додека да се појават меурчиња и да стане кафеава. Оставете да се олади и со помош на дрвено стапче нанесете на кожата. Врз местото каде нанесовте од смесата притиснете памучна лента па поминете неколку пати со дланката притискајќи за добро да се залепи. За крај повлечете ја лентата во спротивна насока од правецот на растење на влакната.

Против стареење

Одложете го процесот на стареење со внесување на медот во секојдневната исхрана. Бидејќи е богат со антиоксиданси, започнете го денот со лажичка мед. Исто така може да нанесувате малку мед на критичните зони на лицето. Почекајте некое време, па исплакнете го добро лицето.

Како пилинг за нежни усни

Доколку сакате нежни и меки усни измешајте 1 лажица необработен мед со 1 лажица кафеав шеќер и неколку капки лимон. Нанесете го на усните нежно масирајќи и исплакнете по 5 минути.

За зацврстување и побрз раст на ноктите

Медот ги зајакнува ноктите и ги омекнува кутикулите. Измешајте една лажица необработен мед со една лажица јаболков оцет и нанесете ја смесата на ноктите и кутикулите. Измијте ги рацете по 10 минути.

За смирување на исеченица од бричње

Доколку се пресечете или на кожата се појави некаква иритација по бричењето, веднаш нанесете мед и оплакнете по 10-15 минути.

Се бори со темните подочници

Врз подочниците нанесете необработен мед и исплакнете по 20 минути. Доколку имате хронична појава на темни подочници, повторувајте ја оваа постапка два пати неделно. Исто, медот може да го измешате со масло од бадем и оваа смеса да ја искористите на истиот начин, исплакнувајќи по 10-15 минути.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар