Некои од нив ќе ве изненадат: 5 занемарени вежби кои вашето тело ги обожава

Некои од нив ќе ве изненадат: 5 занемарени вежби кои вашето тело ги обожава

Доколку не сте од оние луѓе кои уживаат во теретаната и во групните вежбања, тогаш истражувањето за најдобрите запоставени начини да го затегнете вашето тело од научниците од Харвард ќе ви измамат насмевка на лицето.

1. Пешачење

Најновата студија од овој престижен универзитет открива дека пешачењето со своите здравствени придобивки за целиот организам го надминало и пливањето. Во посебен здравствен извештај кој го објавува Медицинското училиште на Универзитетот Харвард, под името „Почнуваме да вежбаме“, професорот И-Мин-Ли наведува дека тоа е најдобро за отстранување на вишокот килограми, за изградба на мускули, за зајакнување на коските и за здравјето на срцето и мозокот. Професорот Ли исто така вели дека 30-минутно секојдневно пешачење има големо влијание врз функционирање на мозокот и особено го зајакнува делото кој е одговорен за губење на помнењето, а помага и при депресијата.

2. Пливање

Кај пливањето работат сите мускули во телото, тоа го намалува стресот и не е агресивно, па е најдобро за луѓето кои имаат послаби зглобови. Професорот Ли препорачува 30-минутно секојдневно пливање, доколку се борите со голема количина стрес или депресија.

3. Таи Чи

Оваа смирувачка техника за опуштање е совршена за концентрацијата, а ќе ги намали и сите тензии во телото. Иако е најпопуларна во Азија, сѐ повеќе се применува и кај западноевропските вежбачи, а се препорачува и на старите личности за да ја поправат рамнотежата.

2-nekoi-od-niv-kje-ve-iznenadat-5-vida-na-zanemareni-vezhbi-koi-vasheto-telo-gi-obozhava-www.kafepauza.mk_

4. Вежби за сила

Вежбите со сопственото тело и додаток на тегови се најдобри доколку сакате да ослабете и да имате совршено обликувана фигура. Со ваквите тренинзи телото ќе стане посилно и автоматски помалку склоно кон повреди. Пожелни би биле два тренинзи на сила во текот на една недела. Ако на пример се занимавате со трчање, објаснува д-р Ли, ваквите тренинзи ќе го намалат ризикот од повреди за 30%.

5. Вежби за затегнување на задникот

Вежбите за јакнење на мускулите на задникот треба да се прават почесто како што старееме. Професорот Ли ги препорачува овие вежби 5 пати на ден. Доволно е да ги стегнете мускулите на задникот на две или три секунди, па да ги опуштите. Повторете 10 пати.

Доколку барате ефикасни начини да го трансформирате вашето тело, тогаш погледнете ги овие вежби со кои ќе го трансформирате вашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар