Не живејте во заблуда: Оваа храна нема да ви помогне со вишокот килограми

Не живејте во заблуда: Оваа храна нема да ви помогне со вишокот килограми

Прекрасен е фактот што сè повеќе луѓе се определуваат за здрава храна. Но, колку таа храна е навистина здрава? За жал, постојат одредени производи коишто повеќето ги сметаат за здрави, но вистината е дека тие не се! Погледнете за што станува збор.

1. Енергетски чоколада

Поголемиот дел од енергетските закуски се преполни со шеќер. Наместо ова, изедете една јаболка или морков.

2. Овошен нискомасен јогурт

Луѓето коишто сакаат да изгубат тежина често ги користат овошните јогурти, но вистината е дека и тие се преполни со шеќер. Тие се добри за луѓето коишто имаат висок холестерол, но далеку се од здрави намирници.

3. Смрзнат јогурт

Замрзнатиот јогурт е прав деликатес. Иако содржи јогурт, има иста количина калории како и сите други видови сладолед.

4. Смуди

Кога мешате неколку видови овошја и си приготвувате смуди, можете да завршите со консумирање значително повеќе шеќер отколку со просечната дневна доза овошје.

5. Житарици

Житариците се омилен појадок на многумина, но вистината е дека тие и не се толку здрави. Не мислите дека вашите килограми магично ќе исчезнат ако секојдневно јадете житарици.

6. Замрзната храна

Луѓето коишто немаат време да готват, честопати купуваат замрзнати, здрави намирници коишто лесно се приготвуваат во микробранова печка. Но време е да престанете да ги купувате, затоа што тие се преполни со адитиви.

7. Суво овошје

Не сите сушени овошја содржат шеќер. Слободно можете да јадете сливи, грозје и сушени кајсии, затоа што тие не содржат никакви дополнителни шеќери. За останатите, најдобро да ги избегнувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар