Не треба да сте горди на себе ако сте постојано зафатени

Не треба да сте горди на себе ако сте постојано зафатени

Помеѓу нас владее мит дек постојаната зафатеност е одлика на човек кој е продуктивен во сите сфери во животот и поради тоа е предмет на воодушевување. Навистина, продуктивноста во личниот и професионалниот живот е нешто кое сите го посакуваме, но не треба притоа зафатеноста да се става на пиедестал затоа што таа не е толку добар „зачин“ на нашиот живот. Ова се 19 причини поради кои не треба да сте горди на неа.

Не треба да сте горди на себе ако сте постојано зафатени

1. Кога сте постојано зафатени не сте присутни во сегашниот миг.

2. Ги пропуштате можностите кои ви се појавуваат во тој период.

3. Не правите разлика меѓу активноста и реалниот напредок.

4. Немате време да размислувате и да одредите кои се вашите приоритети.

5. Измислувате изговори за проблемите за кои „немате време“.

6. Кога сте постојано зафатени сте повеќе склони кон мултитаскинг, а вашиот мозок не го сака тоа.

7. Немате време да вложите во сопствениот развој.

8. Не можете да гледате јасно на работите кои ви се случуваат во моментот.

9. Заборавате да ги сакате и да се грижите за другите.

10. Не можете да најдете време за да ги правите работите што ги сакате.

11. Немате време да застанете и да размислите за она што се случува околу вас.

12. Заборавате да си поставите граници и тоа со тек на време почнува да ве јаде.

13. Не го остварувате ниту својот потенцијал.

14. Пријателите ви стануваат само познаници.

15. Постојаната зафатеност ве прави емоционално недостапни.

16. Кога сте постојано зафатени вие без да знаете станувате дел од еден култ на кој никој не сака да припаѓа поради неговите строги норми на однесување.

17. Го ставате здравјето во опасност.

18. Заборавате да се сомневате и да ги истражувате работите кои ги правите.

19. Заборавате да сонувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар