Не станува збор за предигра или оргазам: Најдобриот дел од сексот доаѓа 48 часа по односот!

Ако досега сте мислеле дека оргазмот е врвот на секој сексуален однос, тогаш мораме да ви кажеме дека целиот ваш живот сте живееле во голема заблуда. Поточно, ова го тврдат научниците кои откриле дека најдобриот дел од сексот следува 48 часа по самиот однос, а се нарекува „постсексуален сјај“.

Не станува збор за предигра или оргазам: Најдобриот дел од сексот доаѓа 48 часа по односот!

Станува збор за природен сјај, со кој сите блескаат по сексуалниот однос – оној што подразбира љубов, задоволство и поврзаност со партнерот и кој сите околу вас можат да го забележат, дури и ако не ви се блиски. Ова чувство трае до 48 часа и ве прави посреќни, позадоволни од животот и поефикасни во својата работа. Зарем треба да се побара нешто повеќе?

Постсексуалниот сјај е поврзан со тоа колку сте среќни во врската, бидејќи сексот ги поврзува партнерите, а за време на самиот чин во телото се лачи окситоцин, хормонот на среќата, што создава интимност. На овој факт се темели и ова истражување, што покажало дека односот поттикнат од љубов и други силни емоции, особено во долготрајните врски, може да има влијание и до 48 часа подоцна.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар