Не се срамете од вашето тело: 9 модни совети и ризици за девојките со облини

Природата ве надарила со облини, а чувствувате дека во продавниците преовладува облека само за слабите девојки, па честопати не знаете што да облечете. Познатиот модел со облини Ешли Грахам открива неколку одлични совети за сите девојки кои немаат градба како манекенките од Викторија Сикрет.

0-ne-se-sramete-od-vasheto-telo-9-modni-soveti-i-rizici-za-devojkite-so-oblini-kafepauza.mk

1. Одбирајте долна облека која ви одговара

Квалитетната долна облека која е токму по ваша мерка е клучна за добар изглед и добро држење на телото. „Одличниот градник е клучен за секси изглед, а ако ѕирка од облеката, ќе се чувствувате уште позаводливо“ – вели таа.

2. Срушете ги модните правила

Според модните правила, жените кои имаат облини не би требало да носат бела облека затоа што визуелно ги проширува, но Ешли не се сложува со тоа. Носете бои кои сметате дека не би ви стоеле. Мудро комбинирајте и не се плашете. Нека чипкастата кошула или корсетот ѕирка од блузата. Преземете моден ризик.

1-ne-se-sramete-od-vasheto-telo-9-modni-soveti-i-rizici-za-devojkite-so-oblini-kafepauza.mk2-ne-se-sramete-od-vasheto-telo-9-modni-soveti-i-rizici-za-devojkite-so-oblini-kafepauza.mk.jpg-large

3. Игнорирајте го целулитот

Иако целулитот не е баш најпријатното нешто за гледање на женското тело, факт е дека сите го имаме и ќе го имаме и во иднина. Дури и познатите го имаат. „Отсекогаш ми зборуваа дека не смеам да носам свила затоа што ми се познава целулитот, а јас пак цело време не излегувам од свила.“

4. Не мора секогаш да носите облека припиена за телото

Без разлика на сѐ, девојките со облини одлично изгледаат во поширока облека која не ја следи линијата на телото. Единствено мора да внимавате на балансот – широка блуза со тесно здолниште и обратно.

3-ne-se-sramete-od-vasheto-telo-9-modni-soveti-i-rizici-za-devojkite-so-oblini-kafepauza.mk4-ne-se-sramete-od-vasheto-telo-9-modni-soveti-i-rizici-za-devojkite-so-oblini-kafepauza.mk

5. Не се откажувајте од кроп топовите

Тие сепак го нагласуваат вашиот струк и ви даваат форма на песочен часовник.

6. Фармерките ви се најдобри пријатели

Што ќе ви го нагласи задникот подобро од фармерките?! Воопшто и да не зборуваме за оние со висок струк.

5-ne-se-sramete-od-vasheto-telo-9-modni-soveti-i-rizici-za-devojkite-so-oblini-kafepauza.mk 6-ne-se-sramete-od-vasheto-telo-9-modni-soveti-i-rizici-za-devojkite-so-oblini-kafepauza.mk

7. V-израз

За девојките со побујни гради маичките со V-израз се одличен избор. Ќе изгледате повитко и попропорционално.

8. Нагласете го струкот

Фустаните кои го нагласуваат струкот се супер начин да го балансирате изгледот.

8-ne-se-sramete-od-vasheto-telo-9-modni-soveti-i-rizici-za-devojkite-so-oblini-kafepauza.mk 7-ne-se-sramete-od-vasheto-telo-9-modni-soveti-i-rizici-za-devojkite-so-oblini-kafepauza.mk

9. Експериментирајте

Најчесто, жените со облини се плашат да експериментираат со својот изглед поради вишокот килограми. Во најголем број од случаите, се држат до одредени бои –црната, кои мислат дека ги прават послаби и се држат до кроевите на кои се навикнати. Многу ретко излегуваат од комфорната зона поради недостаток на самодоверба.

При следниот шопинг, влезете во продавница во која вообичаено не би влегле и не се грижете за злобните погледи на продавачките кои велат „Ти сигурно нема да влезеш во тоа.“ Уживајте во убавините на своето тело и носете убава облека. Не значи дека ако имате вишок килограми не можете да изгледате убаво.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар