Не плашете се да изгубите некој кој не е среќен што ве има

Не плашете се да изгубите некој кој не е среќен што ве има

Многу често одлучуваме да останеме во некоја врска само затоа што се плашиме да бидеме сами. Па, затоа почнуваме да прогледуваме низ прсти за сѐ што се случува и толерираме повеќе отколку што треба. Не вреди да се остане во секоја врска, по секоја цена. Важно е да проверите како се чувствувате и како се однесува партнерот со вас. Многу е лесно да станете мрзливи, да се препуштите на монотонијата на врската и да заборавите какво е чувството кога постои вистинска страст и љубов.

Не плашете се да изгубите некој кој не е среќен што ве има

Само затоа што ви е удобно, не значи дека се работи за она вистинското. Кога ќе ве прегрне, треба да чувствувате повеќе од една обична рака околу вас која ви е добро позната. Треба да почувствувате дека личноста која ве прегрнува знае што има до себе.

Нормално дека сите ние понекогаш забораваме дека треба да вложиме труд во врската. Животот станува напорен и тоа се случува. Но, доволен е еден отворен разговор за да му кажете на партнерот дека се чувствувате игнорирано, и нештата би требало да се вратат во нормала.

Не треба да се борите за љубов и внимание. Искажувањето на љубовта треба да ви доаѓа лесно и природно. Постојат стотици работи кои треба да ги правите свесно за да ја одржите врската силна. Но, покажувањето љубов и делата кои прават вашиот партнер да се чувствува сакано, не треба да се едни од нив.

Доколку чувствувате дека личноста со која сте во врска не е целосно возбудена и воодушевена што е со вас, зошто да бидете со неа? Знаете дека е возможно да ги имате тие силни чувства за некого, знаете дека тие се вистински и дека постојат. Токму затоа, не прифаќајте ништо помалку од тоа.

Не вреди да останете во врска, доколку не чувствувате дека партнерот вистински сака да биде со вас. И двајцата треба да сте среќни што сте заедно, а ако тоа не е случајот, време е да ставите крај на оваа врска која го троши вашето време и емоционално ве празни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар