Не чувствувајте се повредени кога некој ќе ви каже дека сте чудни, туку сфатете го тоа како комплимент

Не чувствувајте се повредени кога некој ќе ви каже дека сте чудни, туку сфатете го тоа како комплимент

Дали и вам некој ве нарекол „чудни?“ Што всушност значи тоа? Најчесто, кога ќе се спомене овој збор, повеќето луѓе го доживуваат негативно. Тоа се сфаќа како нешто поразлично, нешто што не се вклопува во секојдневието. Многумина уште од мали нозе учат дека да се биде поразличен од останатите е нешто што потетува на осаменост и потсмевање.

Не чувствувајте се повредени кога некој ќе ви каже дека сте чудни, туку сфатете го тоа како комплимент

Но, тоа не е баш така. Прифатете дека сте „чудни“ и поразлични од останатите. Дека имате поинакви погледи кон животот, поинакво сфаќање за љубовта и дека одите по свој пат, што претходно не постоел, а вие сами си го создавате. Накратко: Бидете среќни што сте наречени чудни! Подобро е да бидете свои, да ги следите своите желби и да бидете задоволни со она што сте, наместо да бидете само еден обичен, веќе виден дел од целината.

Наместо да бидете навредени, сфатете го ова како најголем комплимент. Со тоа тие ве нарекуваат храбри, смели и уникатни. Чудните луѓе мислат поинаку и поразлично реагираат на случувањата околу нив. Тие имаат храброст да одат против правилата и да изберат различен пат во животот.

Чудните луѓе мислат на поинаков начин

Вистински дар е да бидете способни да го видите светот, ситуациите и проблемите од поинаква гледна точка која се издвојува од толпата. Кога личноста е помлада, ова може да предизвикува проблеми. Сигурно како дете и вие на ова сте гледале како негативна карактеристика, сметајќи дека останатите ве доживуваат негативно, па сте се сомневале во себе и во своите избори. За жал, во училиште нѐ учат што да мислиме, а не како да мислиме за себе.

Вистината е дека овие луѓе можат да го променат светот. Погледнувајќи кон минатото, можете да видите дека повеќето ваши херои имале ставови кои биле спротивни со оние на останатиот народ. Тие многупати се бореле сами и продолжувале напред, со или без помош од другите. Кога можете да го видите светот од една поинаква перспектива, вие ќе имате можност да ги решавате проблемите на начин на кој другите не можат. Токму вашата чудна идеја може да биде она што му е потребно на овој свет!

Не чувствувајте се повредени кога некој ќе ви каже дека сте чудни, туку сфатете го тоа како комплимент

Чудните луѓе имаат посебна моќ

Чудните луѓе имаат моќ да ги прифатат предизвиците. Честопати животот знае да биде неправеден, а обичните луѓе живеат обични животи бидејќи не се осмелуваат да се изборат со секојдневните предизвици. Смелото однесување се согледува во начинот на кој размислувате да одговорите на политичките одлуки, начинот на кој сакате да ги воспитате вашите деца или пак, во донесувањето рационална финансиска одлука. Можеби од многумина ќе слушнете дека без кредитна картичка не би можеле да купите автомобил, да им обезбедите студирање на вашите деца или пак дека не би можеле да отидете на одмор. Но вистината е дека сѐ се базира на вашите одлуки и вашата смелост.

Затоа, не дозволувајте некој да ви се испречи на патот. Бидете горди што се разликувате од другите, што имате свој начин на размислување и свои цели во животот за што многумина не се способни!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар