Научно докажано: Еднаш прељубник – засекогаш прељубник!

Неверството е најголемиот злочин што може да се направи во љубовната врска. Поголемиот дел од луѓето не можат да простат неверство и дури и да останат со истиот партнер кој ги изневерил, нивниот однос никогаш повеќе нема да биде ист. Постојат поделени размислувања за прељубниците бидејќи некои сметаат дека тие можат да се поправат и да не го повторат лошото однесување. Меѓутоа, науката дошла до шокантно откритие дека сепак важи изреката „Еднаш прељубник-засекогаш прељубник“, а причината за тоа е навистина сериозна.

Научно докажано: Еднаш прељубник – засекогаш прељубник!

Имено, најновите истражувања нашле врска помеѓу неверноста и мозокот и дале објаснување зошто сериските прељубници продолжуваат да го изневеруваат партнерот. Насловот на студијата гласел „Мозокот се навикнува на нечесноста“ (The brain adapts to dishonesty) и според неа, човекот кој редовно лаже, чувствува сѐ помала грижа на совест со секоја наредна лага. Главниот виновник за тоа е амигдалата, делот од мозокот што предизвикува негативна реакција кога луѓето лажат. Со секоја наредна лага, оваа реакција станува сѐ послаба.

„Се сомневаме дека слабата реакција на одново кажаните лаги е последица на недостатокот од емоционална реакција на овие одлуки, односно лажливците почнуваат да ги сметаат за безначајни“, било наведено во истражувањето.

Според Нил Гарет, истражувач на Институтот за невронаука во Принстон, овие откритија треба да се тестираат директно на љубовните врски за да се види дали важат и за неверствата, но големи се шансите дека сличниот механизам би можел да се примени и во љубовниот живот на луѓето.

„Идејата е дека по првото извршено неверство, ние имаме грижа на совест и се чувствуваме лошо поради тоа. Но, следниот пат, имаме помала грижа на совест и така натаму. Резултатот од сето тоа е развивање способност да се вршат неверства од големи размери“, изјавил Гарет.

Гарет додал дека најмоќниот фактор што може да нѐ спречи во изневерувањето е нашата емоционална реакција на тоа негативно однесување, односно фактот што се чувствуваме лошо по тоа. Но, процесот на адаптација ја намалува оваа реакција и ни дозволува да изневеруваме уште повеќе.

„Што се однесува до сериските прељубници, постојат големи шанси дека тие на почетокот се чувствувале лошо поради нивните неверства, но изневерувале толку многу што се прилагодиле на нивното однесување и веќе не се чувствуваат лошо поради тоа. Другата можност е дека тие никогаш немале грижа на совест поради тоа што изневерувале и не им било потребно да се прилагодуваат, туку уште на самиот почеток се чувствувале добро во врска со тоа“, објаснил Гарет.

Научно докажано: Еднаш прељубник – засекогаш прељубник!

Со текот на времето, малите бели лаги, што секојдневно ги кажувате на вашите родители, партнери и пријатели, прераснуваат во големи бидејќи знаете како да се справите со нив.

Гарет исто така изјавил дека ова истражување треба да биде модификувано со цел да се открие влијанието што го има изневерувањето на амигдалата.

„Мислам дека една од клучните разлики е тоа што изневерувањето во врските се случува во помали временски рамки од оние во моето истражување. Дали адаптацијата се случува побавно и дали се однесува и на други негативни начини на однесување како што се неверството, насилството и така натаму, се двете клучни работи што треба да се истражат пред да се даде конечниот одговор“, открил Гарет.

Авторите на истражувањето дошле до овие заклучоци откако извршиле експеримент со цел да ја тестираат способноста на учесниците да лажат. На луѓето им покажале тегла со монети и побарале од нив да му помогнат на партнерот, кому му била дадена само заматена слика, да погоди колку монети има во теглата. Но, кога им кажале дека ќе добијат парична награда ако нивниот партнер даде погрешна проценка за износот во теглата, повеќето од нив излажале со што ја поттикнале реакцијата на амигдалата.

И покрај тоа што треба да се направат уште истражувања за да се открие дали мозочната амигдала реагира на ист начин во случај на лажење и неверство, мора да признаеме дека постои силна врска меѓу тие два негативни начини на однесување.

Доколку ве заинтересира оваа тема, дознајте и дали постои емоционално неверство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар