Направете го овој едноставен сируп од коприва и прочистете си ја крвта

Направете го овој едноставен сируп од коприва и прочистете си ја крвта

Сирупот од коприва често се користи за прочистување на крвта, но тој исто така може да биде и вкусен и освежителен пијалак доколку го промешате со малку минерална вода и лед. Овој сок е одличен против реума и артритис, а со оглед на тоа што копривата содржи и многу железо, се препорачува и за борбата против анемијата. Сокот можат да го пијат и оние што имаат астма и проблеми со кожата. Исто така се верува и дека ги спречува респираторните и уринарните проблеми, како и опаѓањето на косата. Најдоброто е што не морате секогаш да го разблажувате со вода, слободно прелијте го сирупот и врз палачинки и изедете го за појадок.

Во продолжение следуваат два рецепта, како и сите придобивки од магичната коприва…

Едноставен сируп од коприва

Потребни состојки:
  • 1 килограм листови од млада коприва
  • 250 милилитри вода
  • Природен засладувач
Начин на подготовка:

Измијте ги и исчистете ги листовите од коприва, па потопете ги во вода и варете ги на среден оган околу 1 час, постојано додавајќи вода за да не испари целосно. Потоа процедете, додајте го засладувачот и почекајте целосно да се растопи. Добиениот сируп сипете го во стаклено шише и добро затворете.

Сируп од коприва, мед и лимон

Потребни состојки:
  • 400 грама свежи млади листови од коприва
  • 6 големи лимони
  • 5 лажици мед
  • 1 литар вода
  • Засладувач
Начин на подготовка:

Измијте ги копривите и исечкајте ги. Ставете ја водата во тенџере заедно со засладувачот. Почнете да варите, со повремено мешање, додека не почне да врие. Почекајте 5 минути откако ќе зоврие, а ако се појави пена на површината, отстранете ја со лажица.

Ставете ги копривите во керамички сад и прелијте ги со шеќерен сируп. Поклопете со линија и притиснете со тешка чаша или тегла. Оставете да отстои 10 минути. Потоа додајте го лимоновиот сок и медот. Исцедете така што ќе ги одвоите копривите. Кога ќе го добиете сирупот, процедете го низ цедалка ако има потреба, па сипете го во стерилизирано шише, затворете и оставете го на ладно и темно место.

За да направите сок за пиење, наполнете 1/4  од чашата со сируп, а 3/4 со вода. Сирупот може да трае 6 месеци.

Здравствени придобивки

  • Стимулирање на лимфниот систем и подобрување на имунитетот
  • Намалување на симптомите на артритис
  • Ослободување од киселините од зглобовите
  • Подобрување на функционирањето на надбубрежната жлезда
  • Зајакнување на фетусот кај трудниците
  • Уништување на цревните паразити
  • Подобрување на функционирањето на црниот дроб и слезината
  • Подобрување на производството на млеко кај доилките
  • Намалување на симптомите од менопауза
  • Намалување на менструалните грчеви и болки
  • Разбивање на камењата во бубрезите
  • Намалување на хипертензијата
  • Олеснување на симптомите на болести на дишните патишта
  • Олеснување на симптомите на астма
  • Сопирање на крвавењето
  • Намалување на ризикот од рак на простата
  • Елиминирање на алергискиот ринитис
  • Намалување на мачнината
  • Лекување настинка
  • Помагање при остеоартритис
  • Намалување на проблемите со дигестивниот систем, како дијарејата
  • Намалување на гингивитис
  • Намалување на воспалителните процеси во организмот

Предупредувања

Доколку користите некаков разредувач на крвта, немојте да пиете сируп, сок или чај од коприва. Тие содржат високо количество витамин К што влијае на згуснување на крвта.

Доколку користите лекови за намалување на крвниот притисок, со копривата можете да го намалите до критични граници.

Доколку користите антидепресиви, избегнувајте ја копривата бидејќи може да ви влијае на дехидрацијата.

Само една чаша пијалак од коприва може да го зголеми делувањето на лековите за дијабетес и да го спушти нивото на шеќер до критични точки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар