Направете домашен сенф во 5 едноставни чекори

Дали ви е доста од сенфот без вкус со впечатлива жолта боја?! Направете домашен сенф на наједноставниот можен начин. Купете семе од синап и синап во прав со добар квалитет, а останатото е лесно.

Направете домашен сенф во 5 едноставни чекори

Потребно време за подготовка: 15 минути

Количина: 250-300 милилитри сенф

Чекор 1: Изберете синап

Потребни ви се 50 грама семе од синап и 50 грама синап во прав. Можете да изберете црно семе кое е многу луто или бело семе кое е благо. Овие состојки ќе ги најдете во продавниците за здрава храна.

Чекор 2: Изберете го омилениот алкохолен пијалак

Додајте 60 милилитри вино, ракија или пиво (па дури и виски). Ако не ви се допаѓа вкусот на алкохол во сенфот, можете да го замените со обична вода.

Чекор 3: Додајте вода и оцет

Додајте 60 милилитри вода и 60 милилитри алкохолен оцет и оставете ја смесата да отстои околу 24 часа. Сенфот мора да се накисне во течноста за од него да се извлече лутината.

Чекор 4: Бидете креативни со вкусовите

Додајте 2 лажички сол, 2 лажици мелено семе од ким, 2 лажици шеќер и 2 лажици мајчина душица. Традиционалните зачини што се користат при правењето сенф се медот, мајчината душица, рузмаринот, коријандерот и кимот. Модерните зачини вклучуваат сè, од чили пиперчиња до сушена брусница, па не плашете се да бидете креативни.

Чекор 5: Измешајте сè во блендер

Измешајте сè во блендер и ќе имате свој домашен сенф.

Погледнете го и овој рецепт како сами да направите карамел.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар