Најстарaтa јога инструкторкa на светот ја споделува својата тајна за долг и здрав живот

Најстарaтa јога инструкторкa на светот ја споделува својата тајна за долг и здрав живот

Јогата станува сè попопуларна. Иако повеќето луѓе само ја пробуваат и не се држат до неа, сепак сè поголем број личности барем ѝ даваат шанса. Причините за ова може да бидат разни. Можеби е фасцинантниот факт дека јогата датира уште пред 5.000 години, или пак познатите личности кои постојано ги набројуваат предностите поврзани со вежбањето јога. Сепак, јогата е многу повеќе од серија вежби.

Најстарaтa јога инструкторкa на светот ја споделува својата тајна за долг и здрав живот

Секој јога инструктор има своја приказна и искуство со вежбањето јога, зајакнување на нивното верување и причина за споделување на овој дар со секоја личност што ја учат. Иако сите овие приказни се неверојатни, уникатни и инспиративни, постои една која навистина им го привлече вниманието на луѓето низ целиот свет. Станува збор за најстарата јога инструкторка во светот, Тао Порчон Линч.

На 99 години, Тао е инструкторка по јога веќе 75 години. Го започнала нејзиното патување во светот на јогата на 8-годишна возраст додека живеела во Индија. Денес живее во Њујорк и го споделува своето знаење со голем број луѓе.

Најстарaтa јога инструкторкa на светот ја споделува својата тајна за долг и здрав живот

Покрај јогата, Тао била и модел и актерка. Исто така е и танчарка која држи часови по танцување и се натпреварува и денес. Во 2015-та година се појавила на популарното шоу „Америка има талент“ со нејзиниот 26-годишен партнер за танцување Вард Маргарјан.

Кога ја прашале која е тајната за долг и здрав живот, Тао споделила неверојатни совети.

„Кога умот останува мирен, рамнотежата на животната сила се буди во нас. Вистинската јога ви помага да го контролирате и смирите умот за да можете да ја искористите таа моќ. Правилното дишење е патот кон смиреност, долговечност и виталност.“

Најстарaтa јога инструкторкa на светот ја споделува својата тајна за долг и здрав живот

Во врска со возраста и стареењето, таа изјавила:

„Возраста не мора да значи мудрост. Зависи од тоа како го искусувате светот и вашето внатрешно патување. Ако останете љубопитни, мудроста ќе дојде. Знајте дека не постои нешто што е наречено возраст. Бидете во хармонија со вечноста и чувствувајте ја убавината на животот. Ревитализирајте се со секој ваш здив.“

Разгледувајќи го својот неверојатен живот, Тао го открила својот најдобар момент:

„Мојот најдобар момент досега беше маршот со Махатма Ганди во 1930-та во Индија. Бев дел од нешто неверојатно на млада возраст. Ганди ме научи да бидам бестрашна и да се соочам со животот. Ако верувате во нешто, имате цел. Зборувањето не вреди многу. Не одложувајте. Излезете и правете. Направете разлика во светот.“

Најстарaтa јога инструкторкa на светот ја споделува својата тајна за долг и здрав живот

За јогата и медитацијата го кажала следново:

„Го сакам стоењето на рамена. Оваа положба е кралица на асаните и има многу физички придобивки. Во текот на целиот ден крвта оди надоле во нашите стапала. Добро е да ѝ ја смените насоката и да ѝ дозволите на енергијата да тече. Сакам да ја правам оваа јога позиција и кога моите мисли стануваат прегласни. Ми го чисти умот.

Медитирам додека ја гледам природата. Природата ги прикажува сезоните на животот. Ми покажува дека без разлика колку е лоша бурата, пролетта ќе дојде. Природата е мојата животна енциклопедија.

Не е важна јога положбата. Важно е дишењето зад неа. Тоа ме носи на патување низ позата. Јогата е здивот на животот.“

Најстарaтa јога инструкторкa на светот ја споделува својата тајна за долг и здрав живот

Кога ја прашале за нејзината исхрана и одржувањето на здравјето, таа ги споделила своите совети.

„Сакам овошје и зеленчук. Вегетаријанец сум, но понекогаш јадам јастог и ракчиња. Исто така сакам чаша вино со храната. Не сакам да пијам сама. Виното е добро за крвта. Не јадам поради јадењето и никој не треба да јаде голема количина храна. Бидете во допир со природата и плодовите на животот. Тоа ќе ве одржи здрави.“

За крај, таа го споделила и својот поглед кон животот.

„Не дозволувајте му на умот да талка со страв и да се полни со негативни мисли. Ќе се материјализираат. Размислувајте позитивно и не им дозволувајте на негативните мисли да влезат во вашиот ум. Не следете ја возраста. Таа не значи ништо.“

Доколку вежбате или сакате да почнете со јога, важно е да ја знаете разликата помеѓу модерната и древната верзија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар