Најсилните девојки се оние што преживеале загуба на сакана личност

Најсилните девојки се оние што преживеале загуба на сакана личност

Таа добро ја познава болката. И не зборуваме само за онаа болка што настанува откако ќе ја изневерат или ќе ѝ раскинат. Таа има искуство со екстремно кршење на срцето. Она кршење што не може да биде поправено со неколкудневно пиење и журкање со пријателките или пак, со секс за една вечер. Таа има искуство со скршено срце од недостасување на личност што знае дека никогаш не може да се врати.

Најсилните девојки се оние што преживеале загуба на сакана личност

Таа е силна, бидејќи направила поврзаност со некого – со прекрасна личност, што секојдневно ѝ го одземала здивот. Некој што заслужувал да живее долг, здрав живот, без никакво страдање. Но, тој некој прерано бил оттргнат од неа. Таа не добила доволно време со него, и не го кажала сето тоа што сакала да го каже. Не е фер, но сепак ова ја натерало да научи да го прифати животот каков што е. Универзумот не фаворизира никого.

И тоа е сосема во ред, иако воопшто не е во ред.

Нејзината сила била тестирана денот кога ги открила новостите, како и секој ден потоа. Таа се сомневала во себе. Се сомневала во значењето на животот. Се сомневала и во Богот во кој верувала. Нејзината сила значително се намалила, но никогаш не ја изгубила целосно. Ако тоа се случило, таа немаше уште да биде тука. Но, е. Таа сè уште дише.

Смртта ја направила посилна, бидејќи таа е сè уште жива, иако саканата личност не ѝ е. Таа е силна бидејќи се соочила со најстрашното можно сценарио и сепак успеала да преживее. Поминала низ толпа тажни роднини, низ подготовки за погребување, низ пораки закачени на цвеќиња… Таа ги надминала најтешките времиња, оние времиња кога посакувала да исчезне, кога посакувала да си го смени местото со личноста што ја изгубила – но сè уште ја има способноста да се насмее. Да ужива во животот.

Секако, таа не завршила со плачење. Најверојатно и ќе плаче секој пат кога ќе види фотографија со саканата личност. Ќе плачи и кога ќе вози покрај гробиштата или пак, ќе ја гледа урната на нејзината полица. И сите оние пати кога нема да може да заспие, и ќе размислува за моментите што ги пропушта со саканата личност. Но овие солзи не ја прават слаба. Токму тие ја прават силна.

Таа е силна затоа што се справила со најголемата можна загуба. Таа знае како е да се чувствува незапирлива болка – како е да ви недостасува некој што никогаш повторно нема да можете да го видите. Таа е силна бидејќи ако можела да преживее смрт на некој што го сакала повеќе одошто зборовите можат да искажат, таа може да направи сè!

Прочитајте и зошто токму оние девојки што имале најлошо детство се меѓу најсилните!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар