Најголемиот „убиец“ на љубовните врски за кого никој не се осмелува да зборува

Најголемиот „убиец“ на љубовните врски за кого никој не се осмелува да зборува

Експертите досега имаат откриено кои типови на однесување ги уништуваат врските. На пример, сите знаеме постојаните критики, заземањето одбранбен став и презирот можат да предизвикаат крај на врската. Сите знаеме дека доколку партнерите не научат да комуницираат, не преземаат одговорност за нивните грешки и не соработуваат меѓусебно, нема да можат да ја одржат хармонијата во врската. Од друга страна, пак, партнерите кои се емоционално поврзани и знаат како да ги решат проблемите успеваат во љубовта.

Најголемиот „убиец“ на љубовните врски за кого никој не се осмелува да зборува

Сепак, постои еден „убиец“ на врските на кого не му се посветува толку внимание. Тој е многу опасен бидејќи полека ја уништува основата на врската и завладува со нејзиниот понатамошен развој. Станува збор за тишината. Тишината е деструктивна.

Сигурно познавате некој пар кој делува совршено, партнерите никогаш не се караат и нивната врска се чини одлична. Понекогаш тоа навистина е така. Но, можеби овие партнери престанале да разговараат кога се повредени, лути и разочарани. Можеби мислат дека би требало да бидат среќни, бидејќи сѐ се одвива како што треба. Можеби не сакаат да го разбрануваат морето или и двајцата се обидуваат да одбегнуваат конфликти. Тие се тивки. А тишината убива.

Овие парови се изложени на најголем ризик од раскинување, бидејќи ги кријат раните. Нивната комуникација не е отворена и искрена и на тој начин тие полека ја уништуваат интимноста и емоционалната сигурност во врската. Освен тоа, истражувањата покажале дека 80% од брачните парови се развеле бидејќи партнерите полека почнале да се оддалечуваат и ја изгубиле блискоста поради што се чувствувале несакано и неценето.

Овие парови ја прифаќаат ситуацијата таква каква што е. Едниот од нив или и двајцата решаваат дека врската е доволно добра и не се трудат да ја подобрат. Можеби не ни знаат како да се потрудат, па така тишината и понатаму продолжува да владее.

Најголемиот „убиец“ на љубовните врски за кого никој не се осмелува да зборува

Со текот на времето, недостатокот на поврзаност почнува да предизвикува болни чувства, но партнерите молчат во врска со тоа. Станува збор за внатрешно искуство што не се споделува со партнерот. Како последица на тоа, тие се чувствуваат осамени дури и кога се заедно. Тие се свесни дека љубовта исчезнала, но не можат да сфатат зошто тоа се случило. Овој проблем најчесто е присутен кај паровите кои делуваат совршени. Но, како што сите знаеме, изгледот знае да лаже.

Долгите и здрави врски се резултат на постојаните разговори. Треба да разговарате не само за работите што ви пречат, туку и за работите што ви се допаѓаат кај партнерот. Врските треба редовно да се негуваат за да преживеат. Дури и ако мислите дека ви оди добро, не прогледувајте низ прсти за вашите неисполнети потреби или за нештата што ве повредиле. Во спротивно не само што ќе почнете да чувствувате презир кон партнерот, туку и полека ќе ја убиете врската.

Не плашете се да разговарате. Почнете од малите нешта. Ќе ви биде непријатно да ја прекинете тишината во врската, но вреди да го направите тоа за емоционалната поврзаност што ќе следува.

Доколку не сте сигурни како да започнете искрен разговор со партнерот, побарајте помош од експерти. Тука нема ништо срамно, напротив тоа е доказ дека сте подготвени да се борите и да направите сѐ за да ја распламтите љубовта пред сосема да згасне.

Ако сте загрижени за вашиот однос со партнерот, дознајте кои 4 начини на однесување го предвидуваат крајот на врската и бракот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар