Најдобрите љубовни совети што сме ги добиле од нашите татковци

Можеби идејата за разговарање за љубовните врски со вашиот татко воопшто не ви е примамлива, но тоа и не е така лошо. Сепак, вашиот татко е исто така момче, има големо животно искуство и навистина се грижи за вас. Како и ликот Фил Данфи од серијата „Модерна фамилија“, многу татковци докажуваат дека одвреме-навреме се вистински љубовни советници. Погледнете ги изјавите на неколку жени чии совети од нивните татковци им помогнале во љубовната врска.

2-najdobrite-ljubovni-soveti-koi-sme-gi-dobile-od-nashite-tatkovci-www.kafepauza.mk_

„Во средно училиште едно момче раскина со мене, бидејќи сум била преамбициозна и мислеше дека ќе станам ладна и умислена додека се качувам по политичката скала. Плачев пред татко ми, а тој ми кажа дека кога некој навистина те сака, тогаш тој не се плаши од твојот успех. Оној кој те сака е возбуден и ги слави твоите големи моменти заедно со тебе.“

3-najdobrite-ljubovni-soveti-koi-sme-gi-dobile-od-nashite-tatkovci-www.kafepauza.mk_

„После двата развода, мојот татко се воздржуваше од давањето љубовни совети. Но, ми кажа една многу важна работа – мојот партнер да биде некој што воедно е и мој најдобар пријател. Моите родители никогаш не биле пријатели, а ниту неговата втора жена му беше пријателка. Тие немаа слични интереси, ниту хоби.“

4-najdobrite-ljubovni-soveti-koi-sme-gi-dobile-od-nashite-tatkovci-www.kafepauza.mk_

„Мојот татко почина пред 14 години и не успеа да ја запознае љубовта на мојот живот, но неговиот совет ми помогна да го пронајдам мојот сопруг. Кога бев помлада, тато ми кажа – ќе знаеш дека е вистинскиот кога нема да ти пречат неговите маани. Секогаш се жалев и ја барав иглата во купот сено, сè додека не го запознав мојот сопруг. Кај него не ги забележувам несовршеностите. Дури ни по 9 години брак. Кога одев на факултет и излегував со различни момчиња, тато ми кажа дека квалитетите што ги бараме како млади, како што е на пример убавината, повеќе нема да ни бидат важни кога ќе созрееме.“

5-najdobrite-ljubovni-soveti-koi-sme-gi-dobile-od-nashite-tatkovci-www.kafepauza.mk_

„Кога заминав на факултет и започнав да излегувам со губитници, тато ми кажа дека квалитетите што мислам дека би требало да ги има еден маж – добар изглед, да сака да се забавува – можеби и не се баш најважните кои во иднина би ги сакала од мојот сопруг.“

6-najdobrite-ljubovni-soveti-koi-sme-gi-dobile-od-nashite-tatkovci-www.kafepauza.mk_

„Неодамна ставив крај на мојата љубовна врска. Кога размислував дали да го направам тоа или да останам со него, му ги кажував на татко ми работите што мојот маж знаеше да ми ги каже мене. Откако тој ќе ми ги кажеше тие работи, бараше да му простам или да се смирам. Но, ме болеше. Тато ми кажа дека работите кои се кажани не може да се повлечат назад. Тоа ми помогна да сфатам дека треба да имам граници што не смеат да се преминат. Тој совет ми помогна конечно да го прекинам мојот однос.“

7-najdobrite-ljubovni-soveti-koi-sme-gi-dobile-od-nashite-tatkovci-www.kafepauza.mk_

„Еднаш кога готвевме заедно со татко ми, го прашав што е клучот на долгиот и успешен брак. Ми кажа дека треба да ѝ дозволам на другата страна да биде тоа што е, а не да ја контролирам. Тоа го промени начинот на којшто ги гледав мажите. Знаев колку ми е важно да бидам тоа што сум, а личноста со која ќе го поминам остатокот од животот треба да може да ме прифати во целост.“

8-najdobrite-ljubovni-soveti-koi-sme-gi-dobile-od-nashite-tatkovci-www.kafepauza.mk_

„Тато ме научи колку е важно да пуштиш нешто. Заедно гледавме еден филм во кој беше кажано дека љубовната врска е како морско куче – постојано треба да оди напред или ќе умре. А мојата врска не одеше никаде. Кога опсесивно размислував за некој што не сакал со мене да прави планови за во иднина или да биде во вистинска врска, татко ми ќе кажеше – мртво морско куче. И веднаш ќе го префрлев фокусот. Време е да продолжам понатаму.

9-najdobrite-ljubovni-soveti-koi-sme-gi-dobile-od-nashite-tatkovci-www.kafepauza.mk_

„Мојот татко веруваше дека треба да го провериш мажот со кој го делиш креветот доколку сакаш да се омажиш за него. Треба да бидеш сигурна дека добро стои финансиски и дека не е во долгови. Важно е да знаеш во што се впушташ.“

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар