Најдобриот совет на Дру Баримор за сите вработени мајки

Дру Баримор одлично се снаоѓа во нејзината улога на мајка. Таа отворено зборува за турбулентната врска со нејзината мајка која ја мотивирала секогаш да им биде поддршка на нејзините ќерки Олив и Френки. Несомнено е дека може многу да се научи од неа како родител, бидејќи нејзината родителска мудрост навистина има логика. Дру има совет за сите вработени мајки што се надева дека ќе им ги отвори очите. Она што го кажуваме за нашата работа и начинот на кој го кажуваме е од големо значење! Во продолжение прочитајте го нејзиниот совет…

Најдобриот совет на Дру Баримор за сите вработени мајки

Секогаш ѝ кажувам на Олив дека си ја сакам работата. Никогаш не велам „Морам да одам на работа“ со негативен израз на лицето, бидејќи се плашам дека тоа ќе ѝ создаде негативни чувства за нешто што многу мајки мораат да го прават за да заработат.

Другарка ми еднаш ми кажа „Никогаш немој да направиш твоето дете да мисли дека работата е нешто лошо што те оддалечува од него“. Сфатив дека многумина од нас навистина го прават тоа за да ги расположат децата и на тој начин ги тераат да помислат дека работата е нешто ужасно што нѐ „краде“ од нив. Сето ова е добронамерно, но убедена сум дека ни треба поинаков пристап.

Сакам да ги уверам ќерките дека работата е нешто позитивно и неопходно. Работата може да ги одведе до нивните соништа. Се чувствувам многу виновно што не сум секогаш до нив (која мајка не се чувствува така?!). Но, се обидувам да најдам начин да им покажам на децата дека треба да размислуваат позитивно. Не ја обвинувам работата, ја прифаќам одговорноста. Ќе бидам трпелива кога ќе бидат вознемирени поради тоа што не сум до нив.

Како што кажав, се обидувам да воспоставам рамнотежа во животот за да го направам што е можно поубав. Мора да најдеме начин да го сториме тоа така што ќе останеме автентични и доследни на себеси.

Прочитајте ги и следниве 4 нешта поради кои вработените мајки никогаш не би требало да се извинуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар