Најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска

Најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска

Вашата врска би требало да биде вашето безбедно засолниште, свет во кој ќе се чувствувате сигурно, безбедно и среќно. Но, кога сте со манипулативна личност, тоа е речиси невозможно. Проблемот е што најчесто е тешко да сфатите дека сте манипулирани затоа што партнерот е некој кој го сакате и кому му верувате. Во продолжение прочитајте ги најчестите примери за манипулативен однос што можат да се сретнат кога станува збор за љубовната врска.

Најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска

1. „Секогаш претеруваш!”

Кога вашиот партнер ги знае сите ваши слаби точки, тој ја користи оваа манипулативна изјава за да ги истакне и за да го има главниот збор за време на расправијата. И нормално, кога ќе го слушнете ова, се вознемирувате уште повеќе и се чувствувате навредени и понижени.

2. „Зошто измислуваш работи? Ова никогаш не се случило!“

Ова е една од најманипулативните работи што се кажуваат во врската и веројатно една од најлошите. Кога вашиот партнер ја преиспитува вашата реалност и се преправа дека измислувате работи или не се сеќавате што всушност се случило, тој ве тера да се преиспитате себеси и сопствената меморија. Во овој случај, знајте дека манипулира со вас.

3. „Дали секогаш мораш да драматизираш?“

Уште еден класичен пример на вербална манипулација кој навистина може да ве натера да се преиспитате себеси и вашите чувства. Кога вашиот партнер прави нешто што навистина ве вознемирува или ве повредува, а вие му го оставате тоа до знаење, тој почнува да ве обвинува вам дека ги драматизирате нештата.

4. „Ти си причината поради која се однесувам вака.“

Кога партнерот смета дека вие сте причината поради неговото/нејзиното лошо однесување, тогаш треба да знаете дека станува збор за токсична личност бидејќи префрлувајќи ја вината врз вас, партнерот, всушност, се обидува да го оправда своето лошо однесување.

5. „Не сакам да зборувам со тебе/Не мора да зборуваме за ова.“

Ова е една од посуптилните манипулативни фрази во врската, но сепак е многу токсична. Кога манипулаторот сфаќа дека го терате да биде одговорен за своите постапки и дека не наседнувате на неговите лаги и приказни, тој го избегнува разговорот со вас. Ќе направи сè за да избегне сериозен разговор со вас, а ако инсистирате, веднаш ќе почне да глуми дека е жртвата. Ќе ви каже работи како: „Имав навистина тежок ден денес. Сакав само да се вратам дома и да се опуштам малку, но ти едноставно не ми дозволуваш.“ или „Нема да зборувам за ова само затоа што ти го сакаш тоа“.

6. „Не е моја вина што ти се чувствуваш вака.“

Друга класична стратегија за префрлање на вината. Манипулаторот знае што направил и знае колку тоа ве повредило, но никогаш нема да преземе одговорност за тоа. Ниту за секунда. Мрази ако го преиспитувате неговото однесување или се сомневате во него на кој било начин, па едноставно очекува да го промените начинот на кој размислувате и чувствувате.

Откако ги прочитавте најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска, можеби ќе сакате да ги прочитате и 13-те знаци кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врската.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар