Момци, еве што сакаат девојките од вас

Момци, еве што сакаат девојките од вас

Што сакаат жените? Ова е прашање што мажите си го поставуваат со години, а сѐ уште немаат пронајдено одговор. Всушност, се чини дека денес мажите и жените стануваат сѐ повеќе одвоени од кога било порано. Недоразбирањата, медиумите и телевизиските серии им отежнуваат на мажите да знаат како да се однесуваат и дали ги прават вистинските работи. Од друга страна пак, жените имаат повисоки очекувања и најчесто се разочарани ако тие не им се исполнат. Ова ги отежнува работите, иако може да се решат на полесен начин. Едноставно е, жените од мажите бараат почит и смисла за хумор, додека пак не сакаат плиткост и дискриминација врз основа на пол. Уште едно важно нешто е што жените не сакаат само да бидат забележани, туку и да бидат ислушувани.

Мажи, еве што сакаат жените

Зборувањето е клучно

Можеби сексот ви е одличен, но што околу дружењето и зборувањето? За една врска да трае не е потребна само страст, туку исто така треба да се пронајде и заеднички јазик. Чувството дека некој ве сака и ве цени е многу поважно од кој било подарок. Поминете неколку ноќи заедно, зборувајќи еден за друг, за во вистинско светло да ја запознаете личноста со која сакате да бидете.

Еве уште неколку совети кои ќе ви помогнат да сфатите што всушност жените сакаат.

Направете да се чувствува сакана

Ништо не ја изразува вашата грижа повеќе од гестот што покажува колку ја сакате. Нешто што покажува дека би направиле сè за неа, сега и засекогаш. Не покажувајте посесивност, туку романтичност, и ставете ја неа во прв план.

Не претпоставувајте

Само затоа што сте во врска со некоја жена не значи дека треба да претпоставувате некои работи. Не можете едноставно да изберете подарок за неа, секој човек има работи што му се допаѓаат или не. Дознајте ги нејзините омилени работи и направете ја среќна.

Мажи, еве што сакаат жените

Дајте си време

Најдобриот подарок е времето. Доколку сте личност која е премногу зафатена со работата, љубовната врска е првото нешто што е погодено. Ова доведува до многу проблеми и честопати кај партнерот предизвикува чувство на напуштеност, при што врската завршува со развод или раскинување. Не дозволувајте вашата врска да заврши на ваков начин. Ако сметате дека поголем дел од времето поминувате на работа, одвојте една вечер само за вас двајца и зборувајте. Прашајте ја дали се чувствува оддалечено и обидете се да пронајдете заедничко решение. Ваквите моменти се клучни во една врска.

Искреност

Ако се чувствувате депресивни или незадоволни од нешто, кажете ѝ. Криењето на проблемите носи само проблеми. Не чекајте го „вистинскиот“ момент, мислејќи дека работите самите ќе се средат. Вие сте заедно за да се грижите еден за друг и да си помагате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар