Ментална детоксикација: 9 начини за да се ослободите од мислите кои ве мачат!

Ментална детоксикација: 9 начини да се ослободите од мислите кои ве мачат

Честопати нашите мисли нè оптоваруваат и ни ја нарушуваат концентрацијата. Умот кој е исполнет со негативни и лоши мисли ни создава еден вид ментален притисок, кој потоа мора да го трпиме. Исто така, тие се главните виновници за стресот и исцрпноста која што ја чувствуваме во текот на денот. Но, дали сте знаеле дека тие мисли можат лесно да се контролираат? Затоа, ве советуваме да испробате барем неколку од овие 9 техники на ментална детоксикација.

1-mentalna-detoksikacija-9-nachini-za-da-se-oslobodite-od-mislite-koi-ve-machat-www.kafepauza.mk_

1. Научете да се будите пополека и притоа да мислите само на она што го сакате

Денот нема да ви започне добро, доколку му дозволите на вашиот мозок, во моментот на будењето, да скокне од нула на педесет мисли. Шокот на мозокот е шок за целото тело и затоа потрудете се да си овозможите бавно будење, односно не станувајте во истата секунда од креветот и особено немојте веднаш да започнете да размислувате за обврските кои ве чекаат. Поминете барем пет минути опуштајќи се и слушајќи го вашиот внатрешен глас кој ви шепоти некои убави мисли. Овој начин на будење ќе ва направи порелаксирани и ќе ве подготви за добро продолжување на денот.

2. Подотворете ја устата

Звучи неверојатно, но со опуштањето на тензијата која се собира во вилицата можете да си предизвикате големо олеснување од притисокот кој се собира во главата и околу вратот. Покрај тоа, отпуштаме барем и пет досадни мисли. Со самото отворање на устата и опуштање на вилицата доаѓа до опуштање на образите и мускулите на лицето, па на тој начин, енергијата повторно се враќа во телото. Доколку ви е потребно поголемо опуштање, тогаш отворете ја целата уста, исплазете го јазикот и кажете „ааа“ (исто како кога сте на доктор). Обидете се веднаш, ќе почувствувате олеснување.

3. Исчистете го просторот кој ве опкружува

Со обѕир на тоа дека вашите мисли се во „гужва“, тогаш најверојатно и вашиот дом е затрупан со непотребни работи. Ако сакате да отфрлите 30% од непосакуваните мисли, тогаш мора да отфрлите и 30% од работите кои повеќе не ви се допаѓаат, кои не ги сакате, кои не се вклопуваат во просторот, а можеби и затоа што се скршени или не сте ги користеле долго време. Ова олеснување во домот ќе му донесе олеснување и на умот, па мислите кои сакаат да ве обземат нема да успеат во својата работа.

2-mentalna-detoksikacija-9-nachini-za-da-se-oslobodite-od-mislite-koi-ve-machat-www.kafepauza.mk_

4. Премотајте ги мислите и забавено повторете ги

Време е малку да се забавувате со мислите! Изберете ја онаа која најмногу ве нервира и најчесто ви се повторува, па повторете ја во вашата глава многу бавно. Повторувајте ја сè додека таа мисла не ја изгуби својата смисла. Прво нешто што ќе забележите е тоа дека таа била потполно непродуктивна, а потоа ќе успеете да ја исфрлите од вашата глава засекогаш.

5. Ослободете се од мислите така што ќе ги запишете

Работите кои ни се важни, честопати ги премотуваме во главата со цел да не ги заборавиме. Следниот пат кога ќе договорите состанок со некого, или пак кога треба да купите нешто од продавница, запишете го тоа. Воопшто не е важно дали ќе се одлучите за нотес кој ќе го носите со себе или пак, за мобилен телефон, најважно е тоа што со запишувањето ќе се почувствувате дека сте го запомниле она што е важно, а потоа вашиот мозок нема да чувствува потреба да ја повторува истата работа постојано. Исто така, добро е да ги запишувате и мислите пред спиење, бидејќи тогаш со нетрпение чекате да заврши тој напорен ден, но со запишувањето ќе го „испразните“ мозокот и ќе го испратите релаксиран на заслужен одмор.

6. Активирајте ги вашите сетила

Вклучете ги сите пет сетила (мирис, вкус, вид, слух и допир) и така насочете ја енергијата од умот на телото, каде што би требало да биде. На пример, насочете го вниманието на она што можете да го намирисате. Дали е пријатно, свежо, дали можете да го промените тој мирис? Миризливите масла, стапчиња и свеќи се одличен начин за да го активирате сетилото за мирис, додека истовремено ги смирувате и опуштате мислите.

Допрете ја вашата кожа, лице, нозе, раце, прсти или облека. Ставете некоја крема за раце, ќе почувствувате дека се нежни и дека не им е потребна понатамошна нега. Прегрнете се сами со нив и пуштете ги лошите мисли да исчезнат во текот на овој процес.

На сличен начин активирајте ги и вашите останати сетила и ќе сфатите дека постојат делови од телото, освен умот, кој го заслужуваат вашиот фокус и енергија.

3-mentalna-detoksikacija-9-nachini-za-da-se-oslobodite-od-mislite-koi-ve-machat-www.kafepauza.mk_

7. Исфрлете ги мислите кои ве оптоваруваат

Мислите немаат свој сопствен „ум“ и „волја“, па затоа е лесно да ги исфрлите. На некои луѓе им помага медитацијата, на некои свирењето, танцувањето, јогата, прошетките или пак читањето инспиративни книги. Пронајдете го она што вам најдобро ви помага и посветете му доволно време, бидејќи креативноста и фантазијата не постојат во умот кој е зафатен.

8. Обрнете внимание на тоа како се чувствувате

Ова нема никаква врска со тоа како вие мислите дека се чувствувате, туку со тоа како се чувствуваат вашето тело и дух. Телото секогаш се обидува да го привлече вашето внимание, но ретко успева во тоа поради вашиот преокупиран ум. Дали се чувствувате релаксирано, уморно, среќно, жедно, гладно, премногу изморено или ви е потребно добро истегнување? Игнорирањето на потребите на телото ја држи енергијата заробена во главата. Кога ќе ја оддалечите вашата свест од надворешниот свет и ќе ја насочите кон вашето тело, тогаш побрзо ќе забележувате како навистина се чувствувате и кои се вашите физички потреби.

9. Работете на вашето дишење

Острото, кратко и плитко дишење ја држи енергијата заробена во главата и горниот дел на телото, додека долгото, забавено и нежно дишење го носи кислородот до белите дробови, крвотокот и мозокот, и на тој начин го релаксира телото и умот. Кога ќе се фокусирате на дишењето и телото, тогаш нема место за оптоварените мисли.

4-mentalna-detoksikacija-9-nachini-za-da-se-oslobodite-od-mislite-koi-ve-machat-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар