Мејкап грешки кои ги прават дури и професионалните шминкери

Дури иако сте станале доста вешти во шминкањето, сепак понекогаш ви се случува да направите некоја грешка. Што е сосема во ред, бидејќи тоа може да им се случи дури и на професионалните шминкери. Зошто? Едноставно, затоа што станува збор за мали грешки кои на прв поглед не се забележливи. Треба да знаете што барате за да можете да ги препознаете. Токму затоа и погледнете ги следниве насоки со цел да ги избегнете овие клучни грешки и да изгледате беспрекорно секојдневно.

1-mejkap-greshki-koi-gi-pravat-duri-i-profesionalnite-shminkeri-www.kafepauza.mk_

Значи, да започнеме од подочниците. Кога ќе забележите темни, црни кругови околу очите, логично е да се послужите со коректор или пудра, а дури и сте научиле дека тој се нанесува во форма на триаголник, а не во облик на полукруг. Супер, но сепак и овде има грешки. Во случај на баш темни подочници или јако впечатливи акни, од многу поголема помош ќе биде коректорот во боја. Оној кој „влече“ на розова, портокалова или боја на праска (кога станува збор за подочници), а кога се работи за акни, најдобро е да изберете коректор кој има зелен пигмент. На тој начин се добива целосна покриеност! Покрај ова, со помош на коцки мраз намалете ја надуеноста, па потоа преминете на шминката.

2-mejkap-greshki-koi-gi-pravat-duri-i-profesionalnite-shminkeri-www.kafepauza.mk_

Понатаму. Многумина од нас забораваат дека четките за шминкање треба да се чистат барем еднаш неделно! Застрашувачки е колку бактерии и прашина може да се насоберат на нив, а потоа да се пренесат на лицето, што понатаму доведува до појава на тие неподносливи акни. Самиот процес воопшто не е комплициран – млака вода, малку нежен шампон и оцет. Тоа е тоа.

3-mejkap-greshki-koi-gi-pravat-duri-i-profesionalnite-shminkeri-www.kafepauza.mk_

Дури и на професионалните шминкери им се случува малку да се занесат кога станува збор за контурирањето. Да се потсетиме – целта на контурирањето е да се истакне својата природна убавина и црти на лицето, а не јасно да се гледаат линии во најразлични нијанси на пудра или уште полошо, да изгледа како да имате маска. Клучот на доброто контурирање е во соодветните нијанси од палетата и дефинитивно – блендирањето! Внимателно изедначете ги сите бои кои ги имате на своето лице и избирајте нијанси кои одговараат на вашиот тен.

4-mejkap-greshki-koi-gi-pravat-duri-i-profesionalnite-shminkeri-www.kafepauza.mk_

А кога сме веќе кај блендирањето, дали до сега сте користеле бјути блендер? Ако одговорот е да, а ви се чини дека воопшто не ја врши својата „работа“, најверојатно не сте го користеле онака како што треба. Овој сунѓер со интересен облик никако не би требало да се користи сув, бидејќи ќе ви ја „изеде“ целата шминка. Затоа, едноставно ставете го под чешмата, натопете го, исцедете го до последна капка и дури потоа користете го онака како што сте замислиле. Е сега, сè ќе функционира совршено.

5-mejkap-greshki-koi-gi-pravat-duri-i-profesionalnite-shminkeri-www.kafepauza.mk_

Дали сте забележале дека скоро сите девојки имаат исти веѓи? Најверојатно да, а потоа се запрашувате – како? Дали е реално секоја да има идентичен облик, правец на „движење“, густина, дебелина? Па, всушност и не е, туку веѓите така „вештачки“ се доработуваат, без разлика дали ви одговараат или не. Со помош на молив за веѓи или сенка (се надеваме во соодветната нијанса) ги правите подебели, погусти, подолги… Но понекогаш, не би требало премногу да форсирате нешто што природно не е така. Затоа, средете ги веѓите така што ќе го следите природниот тек, а со помош на моливот за веѓи доработете ги евентуалните „дупки“. И да, ова го прават дури и професионалните шминкери. Затоа и девојките изгледаат како да се ставени во ист калап.

6-mejkap-greshki-koi-gi-pravat-duri-i-profesionalnite-shminkeri-www.kafepauza.mk_

Немојте да претерувате ниту со премногу оцртаните усни. Можеби некому му одговара да ги исцрта усните над нивната природна линија, но на поголемиот број девојки не. Следете ја природната линија, а после оцртувањето на усните, обојте ги целосно за карминот да трае подолго, а бојата да биде поинтензивна.

7-mejkap-greshki-koi-gi-pravat-duri-i-profesionalnite-shminkeri-www.kafepauza.mk_

Нема девојка која не сака совршени „мачкини очи“. Сепак, сето она што го гледате на Инстаграм, не функционира така лесно, убаво и едноставно во реалноста, а освен тоа нема да ѝ стои на секоја исто „извлечен“ ајлајнер. Тоа е проблемот и кај професионалните шминкери – скоро сите шминкери шминкаат исто, па сега, ако не ви одговара… Никому ништо. Затоа, одредете го вашиот облик на очи и во согласност со него изберете дали ајлајнерот ќе го цртате тенко или дебело, кратко или подолго.

8-mejkap-greshki-koi-gi-pravat-duri-i-profesionalnite-shminkeri-www.kafepauza.mk_

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар