Машки водич за брак: 20 брутални вистини за тоа како изгледа да се биде сопруг!

Машки водич за брак: 20 брутални вистини за тоа како изгледа да се биде сопруг!

Бурма или окови? Завет на вечна љубов или потпишување робија? Што е всушност бракот? Изгледа дека сѐ повеќе мажи се плашат од бракот и од него бегаат како ѓавол од крст. Токму поради тоа, еден сопруг се одлучи да открие „брутални вистини“ за бракот. Сепак, тој кажа дека тоа и не се толку брутални факти, туку реалноста што ве чека во бракот. Задно со тоа наведе дека има петгодишен брачен стаж и мало дете, а дека искуствата на оженетите многу зависат од тоа колку долго се во брак.

1-mashki-vodich-za-brak-20-brutalni-vistini-za-toa-kako-izgleda-da-se-bide-soprug-www.kafepauza.mk_

1. Зборувате за изметот многу повеќе отколку што сте очекувале

Имате кучиња, имате бебе – реално, околу 80% од вашите разговори ќе бидат поврзани со тоа кој и кога извршил голема нужда, како, колку често и каква е густината на столицата…

2. Дури и најсилните врски може да се „свиткаат“ под влијанието на парите

Кој заработува, кој не, кој заработува повеќе… Дури и ако вие како маж заработувате помалку, ќе се чувствувате лошо. Навикнете се на тоа или работете на себе.

3. Без разлика колку е вашата жена совршена, ќе забележите грешки

Тоа може да бидат сосема минијатурни ситници. Немојте никогаш да ѝ го кажете тоа, бидејќи и таа ги воочува сите ваши маани, а сепак има доволно почит да не ве опоменува за нив.

4. Ќе ви бара да ѝ ги масирате стапалата

Тоа е нешто што сопругата никогаш не ми го барала додека бевме во врска. Сега на секои неколку месеци ме замолува барем на 5 минути да ѝ ги масирам стапалата.

5. Ќе научите да готвите

Не живеете во педесеттите години на минатиот век. Морате да научите да се снаоѓате во кујната, бидејќи тоа не е само нејзина обврска.

2-mashki-vodich-za-brak-20-brutalni-vistini-za-toa-kako-izgleda-da-se-bide-soprug-www.kafepauza.mk_

6. Ако е тоа можно, ќе готвите заедно

Навикнете се и ќе ја засакате таа истовремена работа во кујната. Вие ќе додавате, таа ќе сипе, вие ќе мешате, таа ќе мие…

7. Не е целата нејзина долна облека секси, но не го изговарајте ни тоа

Нејзината долна облека е удобна, направена од памук, а има и посебна облека за „оние денови“. Немојте да ја каменувате поради тоа, погледнете најпрво на што личи вашата долна облека.

8. Истото важи и за пижамите

Не ѝ се сите ноќници секси. Почесто очекувајте да легне до вас во дебела пижама и со термо чорапи на нозете.

9. Тоа што имате помалку секс е 50% ваша вина

Да, имате сѐ помалку секс, особено кога имате дете, но и вие сте виновни за тоа. Не ѝ вршете притисок, но исто така и не заборавајте да флертувате со неа.

10. Кога ќе се роди детето, градите повеќе не се само ваши

После породувањето, градите на вашата сопруга ќе бидат големи и скокотливи, но и надвор од вашиот дофат – барем на неколку месеци.

4-mashki-vodich-za-brak-20-brutalni-vistini-za-toa-kako-izgleda-da-se-bide-soprug-www.kafepauza.mk_

11. Да се биде во брак е подобро од тоа да се биде сам

Верувајте, вашиот самечки живот не е толку возбудлив како што мислите. Поголемиот дел од времето го минувате во кафеани, пијани, сами… Излезете понекогаш со пријателите кои се сингл, па ќе сфатите колку сте благословени.

12. Најверојатно нема да ѝ биде толку многу до секс колку што ви е вам

Бидејќи знаете, таа на памет ги има сите домашни работи и пазарењето, но и обврските кои вие ги избегнувате. Помогнете ѝ околу тоа, па можеби и таа ќе ви „помогне“ вам.

13. Нема да ѝ се допаѓаат сите ваши пријатели

Не обидувајте се да го браните пријателот кој не ѝ се допаѓа. Сите прилики велат дека таа е во право, и дека пријателот навистина не чини.

14. Нема да ѝ се допаѓаат сите ваши пријателки

Ќе биде љубоморна на вашите стари пријателки, а оние новите ќе мора да поминат низ неколку кругови на прифаќање.

15. Нема да имате исти ставови околу родителството

Без разлика колку ви делува дека имате блиски размислувања, кога еднаш ќе ви се роди дете ќе видите дека не се согласувате околу многу работи. Некој ќе го нишка по цел ден, а некој ќе го остави во креветчето за да се смири самото.

3-mashki-vodich-za-brak-20-brutalni-vistini-za-toa-kako-izgleda-da-se-bide-soprug-www.kafepauza.mk_

16. Излегувањата и опивањата не се толку забавни

Всушност, сфаќате дека не биле забавни ниту кога сте биле млади. Време е да дознаете која количина алкохол ве доведува во совршено расположение, а притоа да не се опиете.

17. Не сака да знае дека некоја друга жена ви е попривлечна

Без разлика колку е силна и цврста вашата љубов, таа не сака да слушне дека некоја друга жена е убава. Освен ако не го кажете тоа за нејзината мајка. Од друга страна пак, вашата сопруга сака да ѝ давате комплименти на нејзината мајка, но не и на нејзината сестра.

18. Понекогаш морате да ја „исфрлите“ жената од домот

Потсетете ја на тоа дека ѝ е потребно слободно време, дека треба да излезе надвор со пријателките, дека треба да ужива. Преземете го домаќинството и децата на своја одговорност, бидејќи сигурно не сте неспособни.

19. Одењето во кревет во исто време прави чуда за вашата врска

И тоа што е можно порано. На тој начин ќе поминете подолго време прегрнувајќи ја вашата сопруга, а тоа многу добро ќе ви дојде и на двајцата после тешкиот и напорен ден.

20. Потсетете ја што сте потпишале „оној ден“

Не постои лоша караница, тежок ден или ужасна вечера што не можат да се „излечат“ со бакнеж и изјавување љубов. Ако го разубавите денот на вашата сопруга, и вам ќе ви биде поубаво.

5-mashki-vodich-za-brak-20-brutalni-vistini-za-toa-kako-izgleda-da-se-bide-soprug-www.kafepauza.mk_

Доколку сакате да дознаете повеќе за брачниот живот, прочитајте ги овие смешни цитати за бракот во кои има голема вистина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар