Мали трикови на големите готвачи: Со што да ги замениме јајцата во рецептите?

Мали трикови на големите готвачи: Со што да ги замениме јајцата во рецептите?

Што се случува кога брзате дома за да подготвите одреден оброк или десерт, но заборавате да купите некои состојки? Ако јајцата се едни од нив, не треба да се откажувате од вашиот план за готвење.

Мали трикови на големите готвачи: Со што да ги замениме јајцата во рецептите?

Иако тие се обично тешки за замена во рецептите и некои нивни заменски состојки не се баш најидеални, сепак постојат оние што се соодветни.

Алтернативи:

Која е главната улога на јајцата во колачите? За да ги направат лесни и воздушести, да ги соединат состојките и колачот да го прават сочен.

Постојат неколку замени на јајцата, но тие не се погодни за секој рецепт. На пример, кога правите палачинки и слични рецепти може да не ставите јајца, но сепак додајте малку повеќе млеко, овошен сок или вода во смесата за влажност. Може, исто така, да ставите половина пасирана банана наместо јајце, или 1 до 2 лажици пире од јаболка. Можете да ги користите истите заменски состојки и при подготовка на мафини, но во смесата додајте уште половина лажичка прашок за печиво повеќе отколку што е наведено во рецептот.

Основни замени:

  • 1 јајце = 1 помала банана (или половина поголема)
  • 1 јајце = 2 лажици компиров скроб
  • 1 јајце = 28 г пире од јаболка
  • 1 јајце = 1 лажица соино брашно и 1 лажица вода
  • 1 јајце = 1 лажица мелено семе од лен и 2-3 лажици топла вода
  • 1 јајце = 2 лажици оцет растворени во половина чаша вода
  • 1 јајце = 1/4 чаша овошно пире и 1/2 лажичка прашок за печиво

Солени јадења

Ако ви требаат јајца за рецепти како што се мусака, ќофтенца, плескавици, кифлички или некое мезе, можете да ги замените со пченкарен скроб или скроб од компир, брашно од целозрнести житарки, лебни трошки, пире од компири или пире од компири во прав.

Рецепт плус – Сочен колач готов за две минути

Мали трикови на големите готвачи: Со што да ги замениме јајцата во рецептите?

Потребни состојки за колачот во чаша:

  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 јајце
  • 1 лажица брашно
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • 1 лажица какао
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 2 лажици чоколадни трошки

Начин на подготовка:

  1. Ставете ги сите состојки во сад и добро измешајте ги.
  2. Премачкајте ја шолјата во која ќе го печете колачот со парче путер однатре, а потоа истурете ја подготвената смеса во садот.
  3. Печете го колачот во микробранова печка 60 секунди. Јадете го директно од чашата или ставете го на чинија.

Можеби сакате да го дознаете и рецептот за „Мраморен колач“ кој е слатко задоволство за целото семејство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар