Мали промени во навиките за големи резултати со телесната фигура

Мали промени во навиките за големи резултати со телесната фигура

Автор: Софија Сионова

Која и да е причината поради која имате повеќе килограми одошто сакате, некои ваши животни навики со сигурност имаат врска со тоа. Во продолжение, некои помалку познати факти кои ќе придонесат за подобри резултати со вашата диета.

1. Јадете јајца за појадок

Според истражување спроведено во 2008 година од Интернационалниот институт за прекумерна тежина, ако го заменете утринското ѓеврече со јајце, имате 65% поголема шанса да го отстраните вишокот килограми. Луѓето кои јаделе јајца за појадок полесно се ослободиле од нивната прекумерна тежина, иако другите учесници внеле ист број калории, но преку ѓеврече. Истражувачите веруваат дека високото ниво на протеини заситува и ве тера да јадете помалку во текот на денот.

1-mali-promeni-vo-navikite-za-golemi-rezultati-so-telesnata-figura-kafepauza.mk

2. Користете голема виљушка

Познато е дека ако јадете од помали чинии тоа помага да внесете помалку храна во организмот, но дали знаевте дека ако јадете со голема виљушка може да се постигне истиот ефект?

Неодамнешното истражување од Универзитетот во Јута покажа дека луѓето кои јаделе со виљушка којашто собира за 20% повеќе храна, конзумираат 10% помалку од оние кои користат обична виљушка. Внимавајте, ова важи само за големите оброци, а кај малите оброци големината на виљушката е занемарлива. Ако сакате полесно да се ослободите од прекумерната тежина, следниот пат кога ќе јадете голем оброк користете голема виљушка.

3. Пробајте Табата тренинг

Табата тренингот претставува додавање на дополнителни 20 секунди интензивно вежбање (до точка на забавено дишење) во вашиот тренинг и 10 секунди пауза во 8 повторувања. Со овој трик вашето тело ќе продолжи да согорува калории долго откако вашиот тренинг ќе заврши. Примери за Табата тренингот се: скокање со јаже, возење велосипед и слични активности.

2-mali-promeni-vo-navikite-za-golemi-rezultati-so-telesnata-figura-kafepauza.mk

4. Одморете се

Преголемиот стрес е голема закана за вашата тежина. Кортизолот е хормонот за стрес кој се залепува на маснотиите задржувајќи ги на колковите, стомачните мускули и бутините. За да го намалите нивото на кортизол во организмот барем еднаш во денот одвојте време да се релаксирате. Седнете во опуштена позиција, затворете ги очите и кажете мантра како „Опушти се“ или „Сѐ ќе биде во ред“ и повторувајте ја додека земате спори, длабоки воздивнувања, околу 10-тина минути.

5. Послушајте ја вашата интуиција

Ако го слушате вашето тело што ви говори во врска со задоволувањето на гладот, тоа ќе ви помогне во битката со килограмите. Следниот пат пред да одлучите што ќе јадете, обратете внимание која храна ви се допаѓа и зошто. Ако посакувате нешто слатко, тоа можеби е знак дека ви е потребна енергија. На пример Сникерс претставува синоним за енергетска храна, но поздрава варијанта е јаткастото овошје.

Витамините и минералите кои се многу важни за различните функции на вашиот организам доаѓаат од голем број разновидни намирници, кои, ако ги слушате сигналите од вашиот организам, освен што ќе ја задоволат вашата желба за храна, ќе ви помогнат и да се чувствувате здраво и убаво.

3-mali-promeni-vo-navikite-za-golemi-rezultati-so-telesnata-figura-kafepauza.mk

6. Уживајте во првите 4 залчиња, а потоа преминете на друга храна

Кога сте на диета истата храна брзо знае да ви здосади и затоа се откажувате од здравата исхрана. Место да јадете во квантитет, фокусирајте се на квалитетот на вашата храна. Ако досега не сте забележале, првите залчиња се секогаш оние кои се најмногу слатки, па затоа после нив сменете ја храната, така таа нема да ви се смачи, а и ќе јадете многу помалку.

7. Пешачете веднаш после оброкот

Пешачењето е одличен начин да ги согорите калориите, но е уште поефективно ако го практикувате веднаш откако ќе се најадете. Научниците тврдат дека ако пешачите одма после оброкот, ќе добиете подобри резултати од вашето слабеење отколку ако чекате неколку саати, а затоа што пешачењето не е многу интензивно, не може да предизвика грчеви во стомакот.

8. Започнете го оброкот со супа или салата

Ако стартер на вашиот оброк е супа или салата ќе внесете 20% помалку калории за време на јадењето или вкупно на дневно ниво.

4-mali-promeni-vo-navikite-za-golemi-rezultati-so-telesnata-figura-kafepauza.mk

9. Впијте ја сончевата енергија

Научно е докажано дека подебелите луѓе имаат помал процент на витамин Д отколку послабите. Ако се изложите барем 15 минути на топлите сончеви зраци, ќе го зголемите нивото на витаминот Д3 којшто е важен затоа што ви овозможува да извршувате брзи физички активности како скокањето, и на тој начин ги зголемува вашите атлетски способности. Освен што ќе се здобиете со витамин Д, ќе се расположите, ќе се исполните со енергија и ќе бидете поспособни за работа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар