Лошите зборови се простуваат, но нанесената штета од нив останува

Лошите зборови се простуваат, но нанесената штета од нив останува

Зборовите кои излегуваат од нашата уста можат да предизвикаат убави, но и негативни чувства кај нас самите, како и кај луѓето околу нас. Еден негативен збор, слушнат или прочитан, веднаш може да предизвика анксиозност или депресија. Зборовите, тие комбинации од согласки и самогласки, имаат голема сила, затоа што влијаат и на хемијата во нашиот мозок. Негативните зборови го поттикнуваат создавањето на хормони на стресот што влијае врз нашето однесување, размислување, говорот и комуникацијата.

(1) Лошите зборови се простуваат, но нанесената штета од нив останува

Според една студија:

Само неколку секунди гледање во листа со негативни зборови може да направи анксиозна или депримирана личност да се чувствува полошо, а колку повеќе ги анализирате, толку се поголеми шансите да ја нарушите структурата што ги регулира вашите меморија, чувства и емоции. Со анализа на негативните зборови можете да го нарушите и вашиот сон, апетитот и способноста да чувствувате долготрајна среќа и задоволство“.

Моќта на зборовите е голема, но постојат начини како да се поставите над нив. Ние ви нудиме 5 начини како да ја преземете контролата над своите зборови и над она што го зборувате.

1. Сменете го сценариото

(2) Лошите зборови се простуваат, но нанесената штета од нив останува

Јазикот е средство за комуникација, а зборовите се користат за опишување. Замислете си ги како бои со кои се сликаат слики – тие го евоцираат расположението, ја поттикнуваат фантазијата, инспирираат, создаваат врски и мотивираат. Бидејќи имаат моќ, тие можат да влијаат и деструктивно врз нас и нашата околина. Можат да деморализираат, обесхрабрат и да направат луѓето да се чувствуваат слабо и немоќно. Затоа внимавајте какви зборови изговарате. Зборовите предизвикуваат чувства и кај оној што ги изговара и кај оној што ги слуша.

2. Научете да ја користите скриената моќ на зборовите

(3) Лошите зборови се простуваат, но нанесената штета од нив останува

Сè што сакаме да создадеме и да постигнеме во нашиот живот, всушност започнува во нашите глави. Тие идеи понатаму се развиваат преку мислите (разговорот со самите себеси) и се зајакнуваат или ослабуваат со изборот на зборовите кои го користиме. Секој изречен збор е одраз на нашата внатрешност – нашиот карактер, нашите верувања и нашето минато. Зборовите најчесто ги откриваат скриените вистини и стравовите. За да ја искористите моќта на зборовите треба пред сè внимателно да слушате, да ги слушате и вашите и туѓите зборови. Изборот на зборови не само што ви помага да се изразите, туку тие и ја откриваат вашата личност. Затоа, внимателно користете ги зборовите.

3. Користете позитивни зборови кои ќе го поттикнат тоа што го посакувате

(4) Лошите зборови се простуваат, но нанесената штета од нив останува

Користете ги зборовите за да се охрабрите, да го потврдите она што сте го постигнале во вашите животи и да преземете храбри чекори кон остварување нови цели. Луѓето кога се продуктивни и кога имаат успешни резултати се исполнети со среќа и користат зборови полни со позитивна енергија. Но, има и денови кога не се чувствуваат најдобро. Затоа, научете да се мотивирате себеси со позитивни зборови и секогаш да наоѓате начин да ги охрабрите со нив и луѓето околу вас. Зборовите имаат неверојатна моќ.

4. Прилагодете го вашиот речник

(5) Лошите зборови се простуваат, но нанесената штета од нив останува

Обидете се да направите одредени промени во речникот што го користите. Наместо „морам“ и „треба“, потрудете се да користите „сакам“ и „би било добро“. Иако навидум изгледа сосема безначајна, оваа промена на зборови предизвикува различни емоции. Изборот на различни зборови, со друга позадина и основа може да ви го промени расположението и согледувањето на нештата, а тоа ќе влијае и врз долгорочна промена на животот.

5. Следете го текот на вашиот внатрешен разговор

(6) Лошите зборови се простуваат, но нанесената штета од нив останува

Внимателно и константно следете ги мислите кои поминуваат во вашата глава и што си порачувате на самите себе. Запомнете, секој успех или неуспех започнува во нашите глави. Заменете ги вашите мисли со силни и моќни зборови, тоа ќе ви помогне да сфатите во кој правец го водите вашиот живот. Со промената на зборовите и јазикот кои ги користите, вие буквално го контролирате вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар