Летна салата за слабеење што ќе ве држи сити подолго време

Ако сакате да изгубите некое кило, додека истовремено се храните здраво и не гладувате, пробајте ја оваа одлична летна салата!

Потребни состојки:
  • 50 грама киноа
  • Пилешки гради (едно парче)
  • 3 средни моркови
  • Неколку поголеми листови кељ
  • Неколку поголеми листови марула
  • 1 свежа пиперка
  • 4 лажици маслиново масло
  • 4 лажици оцет
  • 1 лажичка сенф
  • Сол
  • Бибер
  • Чаткасти плодови
Начин на подготовка:

Подгответе ја киноата според упатствата, оставете ја да се олади и потоа префрлете ја во чинијата каде што ќе ја правите салатата. Исечкајте ги пилешки прсти на мали парчиња и испржете ги во малку зејтин. Кога ќе бидат готови, додајте ги во садот со киноата. Исечкајте ги морковите на тенки кругови и пропржете ги во маслото од пилешките гради. Исечкајте го кељот, марулата и пиперката. Додајте ги на останатите состојки.

На крај, направете дресинг од маслото, оцетот, сенфот, биберот и солта. Добро измешајте ги сите состојки и додајте ги јатките по ваш избор, претходно ситно исечкани. Прелијте го сосот преку салатата и добро промешајте.

Совет: Пилешкото месо може да биде заменето со риба. За најдобар вкус, одберете лосос или туна.