Консумирајте ги овие намирници доколку сакате да имате блескава кожа!

Консумирајте ги овие намирници доколку сакате да имате блескава кожа!

Одредени видови храна можат да ѝ наштетат на вашата кожа, додека други пак можат да ја подобрат. Еве кои намирници треба да бидат вклучени во вашата секојдневна исхрана доколку сакате да имате блескава кожа.

Консумирајте ги овие намирници доколку сакате да имате блескава кожа!

Див лосос

Дивиот лосос е една од најдобрите намирници кога станува збор за негата на кожата. Покрај тоа, лососот е одличен и во борбата против депресијата, анксиозноста и стресот. Тој ги намалува хормоните на стрес во вашето тело кои доведуваат до појава на акни. Лососот исто така содржи двојно повеќе од количината на витамин Д што ви е потребна секој ден. Здравите омега-3 масни киселини пак, можат да ја намалат појавата на брчки, воспаленија, но и да го подобрат колагенот што ќе ви помогне да го одржите младешкиот изглед.

Спанаќ

Спанаќот претставува богат извор на железо, витамин Е, фолати, растителни протеини, магнезиум, витамин А и витамин Ц. Витамините А, Е и Ц се одлични за вашата кожа поради нивните антиоксидантни својства. Овие намирници исто така го враќаат природниот сјај на кожата. Хлорофилот, состојка која се содржи во сите зелени намирници, од друга страна е врвен лек против акните. Железото и протеините во спанаќот исто така помагаат за одржување на младешкиот изглед на кожата како и одржување на здрав проток на крв.

Темно чоколадо

Флаванолите, масните киселини и антиоксидансите кои се содржат во темното чоколадо ја прават кожата посјајна. Какаото од друга страна, ги релаксира артериите и го зголемува протокот на крв што доведува до здрав изглед на кожата.

Пиперки

Пиперките се богати со каротиноиди кои се добри сојузници во борбата против брчки. Згора на тоа, антиоксидансите кои се присутни во пиперките, помагаат во чистење на кожата.

Семиња

Семето од лен, чиа семето, семките од сончоглед и тиква се прекрасни за вашата кожа. Здравите омега-3 масни киселини кои се содржат во овие семиња се одлични за справување со брчки и акни, а покрај тоа семињата се богати и со протеини. Освен тоа, витаминот Е кој се содржи во семките од сончоглед и тиква ја подобрува влажноста на кожата. Магнезиумот пак, кој исто така е дел од овој вид семиња, ги релаксира вашите крвни садови и го намалува нивото на стрес.

Зелен чај

Зелениот чај е задолжителна состојка за одлична кожа. Покрај тоа што зелениот чај е богат со антиоксиданси, тој исто така ја содржи и специфичната аминокиселина позната како Л-теанин која го релаксира телото и го намалува стресот. Пијте 3 чаши дневно или повеќе за најдобри резултати. Зелениот чај е одличен и за срцето и за вашите артерии со тоа што придонесува за намалување на крвниот притисок.

Откако прочитавте кои намирници можат да ви помогнат во одржување на негата на вашата кожа, можеби ќе сакате да прочитате и како антиоксидансите да станат дел од вашата рутина за нега на кожата.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар