Колку пати се заљубуваме во текот на животот?

Колку пати се заљубуваме во текот на животот?

Дали некогаш сте размислувале колку пати досега сте се заљубиле? Кога сте вљубени во некого мислата дека тоа нема да трае вечно, станува неподнослива. Но, сигурно досега сте почувствувале љубовно разочарување, или пак, вие сте биле причината за нечие скршено срце. Сепак, колку и да се чини бесмислен нашиот живот по раскинувањето, ние продолжуваме понатаму и одново се заљубуваме. Некои порано ја наоѓаат својата сродна душа, некои подоцна, но пред да се сретнеме со вистинската личност најверојатно ќе треба да поминеме низ неколку разочарувања. На крајот на краиштата, колку пати можеме да се заљубиме во текот на животот? Иако сечиј живот е приказна за себе, сепак, ако погледнеме внимателно ќе сфатиме дека сите се заљубуваме во 3 луѓе во текот на нашиот живот.

Колку пати се заљубуваме во текот на животот?

Првиот пат кога се заљубуваме: Љубовта која се чини правилна

Првиот пат кога се заљубуваме е кога сме средношколци, а понекогаш дури и помали. Станува збор за идеалистичка љубов која се сведува на она што сме го прочитале за љубовта воопшто како деца. Кога за прв пат ќе нè погоди стрелата на Купидон, сметаме дека не може да постои друга ваква љубов како нашата, дека таа е единствена. Имаме тенденција да веруваме дека тоа е најправилното нешто што сме го направиле и дека ќе трае вечно, а истовремено се обидуваме да се избориме со притисокот од нашите врсници и семејството. Во оваа фаза од животот, подготвени сме сè да жртвуваме за нашата љубов да функционира бидејќи веруваме во нејзиниот кредибилитет. Не сфаќаме дека нашата прва љубов нè прави наивни и безнадежно оптимисти.

Вториот пат кога се заљубуваме: Љубовта која нè учи за животот

Овој тип на љубов, најчесто преку болка ни помага да сфатиме кои сме и што сакаме од животот. Токму оваа љубов ги руши претходно создадените илузии. Сепак, иако сметаме дека сме веќе сме научиле многу за животот, ние одново се навраќаме на истиот тип на врска и го правиме истиот погрешен избор. Погрешниот избор пак, нè води до погрешните луѓе и така се вртиме во круг. Свесни сме за менталната, физичката и емоционалната злоупотреба, но не сакаме да ставиме крај на нездравата врска. Со сите сили се обидуваме да направиме да трае колку што е можно подолго и посакуваме оваа љубов да беше вистинската, иако сме свесни дека не е.

Третиот пат кога се заљубуваме: Љубовта која трае

Овој тип на љубов ги руши сите наши замисли за љубовта. Во овој тип на љубов, ние само ја запознаваме личноста и ни се чини дека сè си доаѓа на свое место, дури и не можеме да си ја објасниме врската што нè поврзува со другата личност. Тоа е така бидејќи во овој вид на врска, ние сме прифатени онакви какви што сме и нема потреба да се преправаме. Тука не важи ниту едно од правилата за кои сметавме порано дека ќе ни бидат од помош. Нема потреба да правиме компромиси во поглед на нас самите, бидејќи партнерот го прифаќа нашето автентично „јас“. На крајот ни се чини дека оваа љубов е најдобриот избор што сме го направиле досега.

Откако прочитавте за трите видови љубов во поглед на романтичните врски, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар