Кои се придобивките од туширање со топла, а кои со ладна вода?

Кои се придобивките од туширање со топла, а кои со ладна вода?

Туширањето е од суштинско значење за хигиената. Но, во зависност од температурата, времето поминато под вода може да донесе и одредени здравствени придобивки. Без разлика дали претпочитате туширање со топла или ладна вода, дознајте како вашата навика за туширање може да влијае на вашето здравје.

Придобивки од туширањето со топла вода:

1. Туширањето со топла вода може да го намали стресот и да ги опушти вкочанетите мускули. Дозволете си топлата вода да ви биде како мала масажа на рамената, вратот и грбот.

2. Истражувањата покажале дека при туширањето со топла вода може да се покачи нивото на окситоцин и да се намали анксиозноста. Секој што работи под стрес може почесто да го користи топлиот туш во своето секојдневие.

3. Туширањето со топла вода исто така делува како природен лек за ублажување на симптомите на настинка. Тоа се случува бидејќи топлата пареа ги опушта носните отвори.

Придобивки од туширањето со ладна вода:

1. Туширањето со ладна вода е одлично за вашето тело! Намалете ја температурата на водата неколку минути пред крајот со цел да го разбудите вашето тело. Оваа моментална промена во температурата ќе го ослободи вашето тело од замор и ќе направи да останете будни подолго време.

2. Туширањето со ладна вода две до три минути и еднаш до два пати дневно се препорачува од страна на истражувачите како третман за депресија. Секако, правете го ова доколку немате проблеми со здравјето, во спротивно советувајте се со вашиот лекар.

3. Докажано е дека туширањето со ладна вода е подобро за вашата коса и кожа. Додека топлата вода може да ја исуши кожата, ладната вода ја хидрира и ви помага да се справите со сувата кожа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар