Кои се придобивките од домашна бања со хималајска сол?

Иако хималајската сол постои со векови, таа неодамна се прослави ширум светот. Во моментов се користи како редовен зачин во исхраната, како дел од спа третманите, па дури и во домашните декоративни предмети (како на пример, солени ламби!) Поголемиот дел од солта што се наоѓа ширум маркетите доаѓа од регионот Панџаб во Пакистан, на дното на Хималајските планини, каде што има солени површини околу 200 милиони години. Природната сол има карактеристично розова боја поради одредени минерали, како магнезиум, калиум и железо.

Кои се здравствените придобивки од хималајската сол?

Во зависност од тоа како е користена, хималајската сол може да помогне со многу здравствени проблеми, од респираторни состојби како алергии и астма, до подобрување на циркулацијата, смирување на воспаленијата на кожата и ослободување од тензијата и стресот на вашето тело. Таа исто така се препорачува повеќе од готварската или морската сол затоа што има помалку натриум.

Како да направите домашна бања со хималајска сол?

За да ги смирите стапалата, ставете околу 20 грама хималајска сол на секои 4 литри вода. Потопете ги уморните стапала за инстантно опуштање и омекнување на кожата.

За да направите пилинг за тело, сè што треба да направите е да измешате 60 милилитри маслиново масло со 270 грама хималајска сол и неколку капки од вашето омилено есенцијално масло. Добро измешајте и потоа измасирајте ја кожата со мали, кружни движења, фокусирајќи се деловите што изгледаат најсуво, како лактите, колената и стапалата.

Најдобриот начин да ја користите хималајската сол е во бањата! Не само што солта има микробски состојки (што може да биде од голема помош за акните на телото), таа исто така може и да ја намали иритацијата и воспаленијата. Да не заборавиме на фактот дека ќе ви го опушти целото тело кога ќе го потопите во топла, солена вода. Па како да ја подготвите хималајската бања во вашиот дом?

Најпрво погрижете се темелно да го измиете телото пред да влезете во кадата. Погрижете се да нема остатоци од шампон, лосиони за тело или парфем. Така ќе го постигнете максимумот од искуството. По туширањето, време е да ја подготвите вашата бања, а еве како да го постигнете тоа чекор по чекор:

1. Наполнете ја кадата со топла (не жешка) вода. Потребно е водата да биде малку над телесната температура за да ви биде удобно.

2. Полека истурајте ја хималајската сол, лажица по лажица. Во зависност од големината на бањата, доволни ќе ви бидат од 2 до 3 супени лажици. Дозволете ѝ на солта целосно да се стопи пред да влезете.

3. Пуштете ја вашата омилена музичка плејлиста и легнете во кадата. Погрижете се да се ослободите од секакви мисли во следните 30-тина минути. Добро е да имате чаша вода во близина за да се одржувате хидрирани за време на бањата.

4. Полека излезете од бањата и со нежни допири со пешкир исушете ја кожата. Потоа испијте уште малку вода и легнете да спиете.

5. И за крај добро е да го имате ова на ум. Бањата со хималајска сол е исклучително опуштачка, но истовремено и интензивна па немојте да ја практикувате повеќе од 1-2 неделно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар