Кои се најчестите примени на маслото од чајно дрво?

Кои се најчестите примени на маслото од чајно дрво?

Станува збор за есенцијално масло кое се добива од Манука, вид грмушка која расте во Австралија и Нов Зеланд. Имено, билката се нарекува „чајно дрво“ бидејќи Капетан Кук варел чај од нејзините листови. Покрај тоа што се користи во многу производи за нега на косата и кожата, маслото од чајно дрво има и други примени. Во продолжение прочитајте за дел од нив.

Кои се најчестите примени на маслото од чајно дрво?

1. Лек против акни

Познато по своите антибактериски својства, маслото од чајно дрво ги отстранува маснотиите од лицето и ги суши акните. За многумина, маслото претставува природна алтернатива на бензоил пероксид, антимикробен агенс и една и од најефикасните состојки за третман на акни.

2. Лек за кршливи и слаби нокти

Една од помалку познатите придобивки на ова есенцијално масло е тоа што помага да се спречи оштетувањето и кршењето на ноктите, а резултатот ќе биде долги и цврсти нокти. Доволно е ноктите да бидат околу 5 минути во вода во која претходно сте додале неколку капки од маслото.

3. Третман на габи на ноктите

Постојат повеќе причини за појава на габи на ноктите како нарушен имунолошки систем, неудобни чевли, па дури и како последица на некои болести како на пример дијабетес. Иако третманот може да потрае долго време, сепак не очајувајте бидејќи редовното нанесување на етерично масло од чајно дрво успешно ја лекува инфекцијата.

4. Средство за чистење

Благодарение на неговите антибактериски својства, есенцијалното масло од чајно дрво е одличен избор кога на пример сакате темелно да ја исчистите вашата четка за заби. Доволно е еднаш неделно да додадете една капка масло на вашата четка за да се ослободите од бактериите. Сепак, не заборавајте добро да ја исплакнете четката бидејќи маслото е токсично ако се голтне.

5. Природен третман за скалпот

Додајте неколку капки масло во вашиот шампон за ефективен третман на скалпот. Маслото не само што ќе ви помогне да се ослободите од маснотиите кои се таложат околу скалпот, туку е и успешен природен лек во борбата против првутот.

6. Средство против мувла

Не можете да се ослободите од мувлата во вашата бања? Доволно е да направите раствор од две чаши вода со две лажички масло и да го нанесете на површината. Резултатите ќе бидат видливи уште при првата примена! Освен тоа, можете да го користите и како средство за чистење на плочките и прозорците.

Откако прочитавте за многубројните намени на маслото од чајно дрво, можеби ќе сакате да прочитате и за здравствените придобивки од етеричното масло од лаванда.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар