Кои се најчестите грешки кои ги правите при подготовка на шпагети?

Кои се најчестите грешки кои ги правите при подготовка на шпагети?

Веројатно и вие размислувате слично како и повеќето луѓе. Си велите „Што може да се згреши во подготовката на шпагети?“, се ставаат тенџере со загреана вода, се варат неколку минути и тоа е тоа. Но, при подготовката на шпагети се прават неколку грешки кои влијаат на нивниот вкус и квалитет кога ќе се сервираат во чинијата (тоа најдобро го знаат нивните добри познавачи). Кои е најчестите грешки?

(1) Кои се најчестите грешки кои ги правите при подготовка на шпагети?

1. Користите мало тенџере

Ова е една од најчестите грешки. Веројатно повеќето луѓе се одлучуваат за помали тенџериња затоа што подоцна е полесно да се измијат. Но, големото тенџере ќе овозможи шпагетите да се сварат рамномерно, истовремено и што е најважно, да не се залепат едни за други.

2. Не ја посолувате водата

Според готвачот Џастин Смили од ресторанот „Upland“ во Њујорк, водата треба да биде „солена како море“ пред да ги додадете шпагетите. Доколку водата во која што ги варите шпагетите е доволно солена, подоцна, додека ги јадете нема да има потреба да ги досолувате.

3. Го полните тенџерето со однапред загреана вода

Секако, на овој начин подготовката ќе оди побрзо, но доколку ставите студена вода и оставите да зоврие, со тоа сте сигурни дека се отстраниле евентуалните нечистотии во водата и во тенџерето и оти тие нема да навлезат во вашата вечера.

4. Додавате маслиново масло додека се варат

Доколку ги варите во тенџере со соодветна големина, тогаш нема причина да се залепат вашите шпагети. Затоа не трошете си залудно од маслиновото масло ставајќи го во водата. Чувајте го да го измешате во шпагетите откако ќе бидат сварени и исцедени или да го додадете врз нив како дополнителен сос од масло и зеленчук.

5. Точно ги следите инструкциите напишани на кесичката

Но, тие се само генерални водичи низ процесот на подготовка. Најважно е да следите што се случува во тенџерето пред вас и кога ќе мислите дека се сварени, земете 1 или 2 шпагети и пробајте. Доколку се по ваш вкус, тогаш може да ги тргнете од оган.

6. Ги плакнете тестенините

Ако правите салата со макарони, кои треба да се изладени за да се измешаат со останатите состојки, тогаш е во ред да се измијат, но доколку ги ставате во чинија и ги мешате во сос, тогаш нивното миење е сосема непотребно. Добро би било да зачувате малку од водата во којашто се вареле, за да ја измешате со сосот што го подготвувате, тоа ќе му даде еден посебен вкус.

7. Додавате премногу сирење

Дозволете им на шпагетите да зборуваат сами за себе. Не ги покривајте со купови сирење и кашкавал, кои ќе им го одземат приматот на чинијата. Доволно е да наросите сосема малку од омиленото сирење или пармезан, како и малку од сосот, што сте го подготвиле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар