Какво е физичкото, менталното и емоционалното влијание на несреќниот брак?

Сте стапиле во брак бидејќи сте биле вљубени и сте сонувале за среќен крај. Но некаде по патот целата среќа од бракот исчезнала. Понекогаш можеби сте размислувале и да ставите крај, или пак да почнете да работите на бракот. Наместо да направите некоја значајна промена, вие останувате. Се држите до несреќниот брак бидејќи сметате дека што било друго е преголемо за вас.

Какво е физичкото, менталното и емоционалното влијание на несреќниот брак?

Но дали знаевте дека влијанието на несреќниот брак е многу поголемо од тоа што го мислите? Стресот од лошиот брак има физичко, ментално и емоционално влијание врз вас.

Физичко влијание

  • Намален имунитет
  • Побавно зараснување на раните
  • Зголемен крвен притисок
  • Покачен холестерол
  • Дебелеење
  • Зголемен ризик од инфаркт, рак, артритис, дијабетес тип 2 и остеопороза
  • Проблеми со дигестијата
  • Хормонална нерамнотежа
  • Лошо спиење
  • Намалување на мозокот
  • Уништување на мозочните клетки

Иако овие симптоми се појавуваат и кај мажите и кај жените, тие не се еднакво распоредени. Околу 40-тата година, влијанието на брачниот стрес е поголемо кај женското за разлика од машкото тело.

Ментално влијание

  • Намалено внимание
  • Проблеми со меморијата
  • Поголем ризик од ментални нарушувања
  • Отежнато размислување и донесување одлуки
  • Зголемен ризик од деменција и од Алцхајмерова болест

Емоционално влијание

  • Зголемен ризик од депресија
  • Чувство на гнев
  • Анксиозност
  • Променливо расположение
  • Нетрпеливост кон себе и кон другите

Еден од најголемите предизвици за сите во несреќен брак е како да се справат со него. Повеќето луѓе одбираат активности како пушење, пиење, злоупотреба на наркотици, коцкање, прејадување и слично за да се справат. Проблемот е што ова однесување само ја влошува ситуацијата.

Влијанието на несреќниот брак е застрашувачко и не го чувствувате само вие, туку и вашите деца. Сепак, немојте да избрзувате со одлуката дека единствено решение е разводот. Самиот развод може да има уште полошо влијание.

Најдобро е да бидете искрени со себе и да почнете да размислувате за она што не функционира во бракот. Потоа обидете се да најдете решенија за овие проблеми. Дури откако ќе знаете што сакате и што би направиле, можете отворено да разговарате со сопругот. Целта на разговорот е да направите план со кој ќе го сопрете страдањето на целото семејство.

Погледнете и како да се спасите од несреќниот брак без развод.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар