Како во текот на зимата да комбинирате плетена облека со накит?

Плетените џемпери се хит во текот на зимата, а оваа модна сезона ги гледаме насекаде: на модните писти, во уличната мода, по модните блогови и магазини. Тоа е сосема очекувано. Овие парчиња облека се топли, удобни и создаваат автентичен зимски изглед. Згора на тоа, одлично се комбинираат со фармерки и класични пантолони, како и со здолништа. Па, како да го зачините овој топол зимски изглед со накит за да постигнете уникатен стајлинг и специфичен ефект?

Како во текот на зимата да комбинирате плетена облека со накит?

Вашите дневни комбинации може да станат уште подобри доколку сте доволно храбри да си поиграте со боите и стилот на модните детали. Токму со воведување на некое впечатливо парче накит или неочекувана боја можете да додадете личен печат на некоја навидум неспоива комбинација.

Како во текот на зимата да комбинирате плетена облека со накит?

И оваа година, како и претходните неколку, тренди се големите (oversized) џемпери изработени со интересни плетки кои им додаваат текстура на инаку еднобојните парчиња. Ова модно парче е одличен избор за брзо и лесно комбинирање со вашите омилени фармерки или панталони, на што одлично се надополнува крупен накит во јаки бои кој пак можете да го вклопите со впечатлив кармин и нокти со впечатлив лак. Изберете накит кој дава им живост и позитивност на еднобојните зимски парчиња облека. Тој може да го разигра целиот ваш изглед и да направи да изгледате свежи и препознатливи.

Како во текот на зимата да комбинирате плетена облека со накит?

Како во текот на зимата да комбинирате плетена облека со накит?

Како во текот на зимата да комбинирате плетена облека со накит?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар