Како високите потпетици може да го уништат вашиот прв состанок?

Сакате да се претставите како автентична дама со стил, да му оставите впечаток и да се чувствувате секси. Можеби високите потпетици се добри за вашата самодоверба и транспарентност, но дали некогаш навистина сте морале да одите со нив? И внимателно да го надгледувате секој чекор за вашата штикла да не се заглави помеѓу плочките (ако тие се ситни, бидејќи тоа е вистинска спортска дисциплина), во секој момент да се придржувате до оној кој е до вас за да одржите рамнотежа и на некој начин да поминете дупло поголема далечина од реалната, бидејќи вложувате поголем напор од оние кои не мора да балансираат.

1-kako-visokite-potpetici-mozhe-da-go-unishtat-vashiot-prv-sostanok-www.kafepauza.mk_

1. Вие сте повисоки од него

Упс, 15 см се премногу високи. И тој ве гледа налутено. Се обидува да оди малку понапред или поназад од вас, а вие се обидувате да го фатите за рака, бидејќи на жена со високи потпетици ѝ е потребна силна машка потпора. Прашање е колку тој има чувство за вашата урбана дамска ранливост, а може едноставно се чувствува неудобно што не може да ве гледа малку одозгора, како што е редот.

2. Изгледате неадекватно

Излегува дека тој ве однел на неговото омилено место, а таму никој не е дотеран и вие едноставно се издвојувате. Премногу сте елегантни за место на кое сите се опуштени, не поради тоа што не се грижат за себе, туку поради амбиентот во кој се наоѓаат. Вие се чувствувате толку неадекватно што сакате да заминете дома и да се пресоблечете или пак да ја најдете најблиската продавница и да купите балетанки. Може да побарате да одите на некое друго место или да го спроведете горенаведениот план. Состанокот е пропаднат, затоа што вие се чувствувате лошо, но прашање е како тој ќе се однесува и дали ќе има разбирање околу тоа. Ако тоа му е забавно, кој знае, може со задоволство ќе се сеќавате на тој состанок.

2-kako-visokite-potpetici-mozhe-da-go-unishtat-vashiot-prv-sostanok-www.kafepauza.mk_

3. Романтична прошетка – лоша идеја

Момчето е романтично и мислело на сите ситници. После лесната вечера со вино, тој сакал малку да прошетате. Лесната прошетка после вечерата требало да овозможи лежерен разговор и воспоставување на таа комуникација која произлегува од удобно поминатото време и бришењето на почетната напнатост. Одлична идеја. Но, вие не сте во можност да шетате, бидејќи одењето во штикли претставува напор, концентрација и предизвик, а удобната прошетка е невозможна кога постојано внимавате да не се сопнете. Покрај тоа, кој е во состојба да шета половина час одејќи на прсти?

4. Цело време мислите на вашите обувки

Се облековте за седење и прекрстување на нозете и сега ви е криво бидејќи не можете да прошетате, како и што делувате вкочането во негово присуство во атмосфера во која баш ви било удобно да одлучевте поинаку да се облечете. И така, наместо навистина да се опуштите, бидејќи тоа е единствено нешто што може да го направите додека седите, вие размислувате за моментот кога одлучувавте дали да одите со оние пониските чевли на платформа, кои ви се многу удобни и овие елегантни сандали и како победила желбата да оставите впечаток наместо да ја послушате интуицијата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар