Како вашиот пристап ја дефинира љубовната врска? - Part 5

Како вашиот пристап ја дефинира љубовната врска?

8. Зависни од љубов

По малку емоционално нестабилни, несамостојни и зависни од тоа да имаат партнер. Знаат да бараат многу од личноста со која се во врска и да очекуваат да им бидат исполнети сите емоционални барања доживувајќи се себеси како накиснати мачори на дожд.

Главна цел: Наоѓање партнер кој ќе ги исполни нивните барања.

Какви партнери ќе привлечат? Оние кои сакаат да пружат љубов и заштита.

Возможен исход: Зависните од љубов не му даваат доволно слобода на партнерот поради што би можеле да го изгубат. Нивните емоционални барања, поплаки и желби може набргу да здодеат.

Доколку не сакате потенцијалните партнери да ве доживуваат како емоционално нестабилни со големи барања во врските, одвојте време за вас, бидете сами, прифатете се себеси, научете дека не ви е неопходен никој и дека вие сте задолжени за сопствената благосостојба.

9. Голем влог во љубовта

Нема да престанат да веруваат дека некаде постои совршена личност за нив која ќе ја цени нивната добрина и ќе им врати дупло. Вложуваат сè во врските, ги отвораат картите на маса од самиот почеток и не престануваат да го прават тоа верувајќи дека без оглед на тоа колку лоши искуства ќе имаат во љубовта, еден ден ќе го/ја најдат вистинскиот/та.

Главна цел: Пронаоѓање на вистинскиот/ата.

Какви партнери ќе привлечат? За жал ќе привлечат искористувачи на кои ќе им годи сè она што го вложуваат во љубовта.

Возможен исход: Оние кои непрекинато даваат може да бидат многу наивни личности. Дали вреди да ја соголите душата пред некој верувајќи дека така добивате поголема шанса и тој/таа да го стори истото?

Вашата позитивност и верба дека ќе ја пронајдете вистинската личност за вас е просто прекрасна особина. Но научете да се заштитите себеси. Тоа што сте премногу достапни ќе им овозможи на многумина да си поиграат со вашите чувства.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар