Како им пристапувате на љубовните врски и зошто многу нешта зависат од вашиот пристап?

Како вашиот пристап ја дефинира љубовната врска?

4. Спасители

Умеат да сочувствуваат. Големи филантропи. Веруваат дека поседуваат моќ да им помогнат на другите. Умеат да воочат скриени таленти и личности кои не се ценат доволно себеси. Може да станува збор за луѓе кои едноставно сакаат да помагаат и да им пружат утеха на другите. Неретко може да влетаат во врска чисто поради сожалување. Но исто така, може да станува збор и за такви кои умеат да детектираат „лесен плен“ и да ја искористат ранливоста за да го добијат она што го сакаат.

Главна цел: Покажување грижа и несебичност.

Какви партнери ќе привлечат? Најчесто оние со скршени срца. Луѓе кои поминале низ тежок период или заздравуваат од лоша љубовна врска. Можеби личности кои изгубиле некој кој им бил важен и близок.

Возможен исход: Партнерот може да се измори од улогата на жртва. Спасителите се предани и верни партнери, но сакаат да биде спомнат нивниот труд и да не се заборави на кое било нивно добро дело.

Ваквата врска може да биде хармонична доколку и двете страни имаат разбирање. Доколку обично вака им пристапувате на врските, добро е некогаш да излезете од улогата на спасител и добротвор.

5. Антрополози

Веруваат дека не би требало да се трудат да променат никого. На врските им пристапуваат водени од теоријата дека луѓето не се менуваат а ниту пак треба, бидејќи, народски речено, за секое тенџерче има поклопец. Доколку не можеш да ја прифатиш личноста таква каква што навистина е тогаш едноставно не ви било судено.

Главна цел: Да се прифатат луѓето токму какви што навистина се.

Какви партнери ќе привлечат? Луѓе кои стриктно се држат до своите правила, навики и прописи, имаат свое јас и не го менуваат често своето мислење.

Возможен исход: Ваквата врска може да биде како излезена од рајот, сè додека и двете страни еднакво се прифаќаат меѓу себе. Но сценариото може да биде и сосем спротивно, доколку антрополозите, а и нивните партнери се премногу горди и заради тоа одбиваат да променат карактеристика која ѝ пречи на другата страна.

Ваквиот пристап кон врските може да биде само изговор, прифаќањето на туѓите мани е всушност причина вие да не ги смените вашите лоши навики на пример. Од една страна се грижите да не ги повредите чувствата на вашиот партнер, го/ја прифаќате каков/ва што е, но од друга страна не би промениле ништо што му/ѝ смета. Љубовта подразбира правење компромиси. Секако дека партнерот треба да ве прифати такви какви што сте, но доколку имате навика која навистина му/ѝ пречи, погазете ја вашата гордост.

Како им пристапувате на љубовните врски и зошто многу нешта зависат од вашиот пристап?