Како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?

Со појавата на хулахопките започнале и трендовите со мини здолништата. Претходно жените морале да носат чорапи, а кратката облека не доаѓала предвид. Денес хулахопките се важен дел од сечиј гардеробер, но дизајнерите, блогерките и речиси сите продолжуваат да дебатираат за тоа како правилно, и дали воопшто треба да се носат хулахопки.

Како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?

Постојат малку ограничувања денес бидејќи правилата на модата се менуваат секој месец. Но за да изгледате добро треба да знаете некои правила и модни табуа. Кога одбирате хулахопки, потребно е да земете предвид неколку работи:

  • Опкружувањето и соодветната облека за него (канцеларија, формална или неформална забава, прошетка и слично)
  • Вашата возраст
  • Модни трендови и вашиот вкус
  • Времето

Најчести правила

Како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?

И покрај ерата на експериментирање со облека, најважно е да се држите до ова правило – колку се потемни и подебели хулахопките, толку е потемна и облеката, а чевлите поголеми. Комбинирајте памук и синтетички материјали со хулахопки со 40 дени. Потемните и подебели хулахопки стојат добро со здолништа и фустани од волна, памук или тексас. Не изгледаат добро со бизнис костими.

  • Немојте да се обидувате да штедите на хулахопки. Евтините модели лесно се кинат и се развлекуваат. Покрај тоа бојата на евтините хулахопки не е рамномерно распоредена.
  • Никогаш немојте да носите премногу темни или премногу светкави хулахопки.
  • Не заборавајте на времето – ако е топло нема потреба од хулахопки. Ако не ви е удобно да носите мини и миди здолништа без нив, најдобро облечете панталони или долго здолниште
  • Транспарентните хулахопки не ви се од помош во зимскиот период. Ако не планирате да бидете надвор повеќе од неколку минути, тогаш можете да носите хулахопки од 20 дени. Ако е топло, немојте да облекувате темни и дебели хулахопки.
  • Никогаш немојте да носите хулахопки со чорапи. Единствената ситуација кога можете да го правите ова е за да се стоплите кога носите чизми и кога чорапите не се видливи.
  • Можеби ги гледате белите хулахопки на модните писти, но во реалниот живот е навистина тешко да ги комбинирате.

Комбинирање хулахопки со чевли

Како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?

Колку чудно и да ви звучи, хулахопките со отворени чевли не се табу. Потребно е само да следите неколку правила:

  • Чевлите треба да бидат со високи потпетици
  • Хулахопките не треба да бидат со боја на кожа
  • Не треба да се гледаат конците на стапалата
  • Хулахопките не треба да бидат премногу проѕирни, но не треба да бидат ни премногу дебели
  • Не се препорачува да носите хулахопки со ниски чевли. Но, можете да ги комбинирате со патики и други спортски обувки. Дебелите хулахопки изгледаат добро и со масивни обувки како чизми.

Правило кое се следело долго е тоа дека чевлите треба да се потемни од хулахопките. Но денес дизајнерите го игнорираат ова правило, а многумина го следат нивниот пример. Сепак понекогаш комбинациите можат да направат да изгледате чудно. Постои само еден исклучок – црните хулахопки со црни чевли секогаш изгледаат добро.

Основни бои

Како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?

Кога носите хулахопки со боја на кожа, важно е да знаете дека нивната цел е да изгледаат како да не носите ништо. Па затоа најдобро е да одбирате мат хулахопки со нијанса што најмногу наликува на вашата кожа.

Црните хулахопки можат да бидат универзални и да одговараат со целата ваша облека. Но ,од друга страна не изгледаат добро со светли фустани. За во канцеларија одберете некоја друга темна боја. Нема да изгледате нападно и нема да изгледа како вашите нозе да се голи.

Шарени и хулахопки во боја

Како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?

  • Хулахопките во боја секогаш ви даваат опуштен изглед, па обрнете внимание на ситуацијата. Може да биде навистина тешко да комбинирате хулахопки во боја. Ако се сомневате, следете го ова едноставно правило – не користете повеќе од 3-4 бои, комбинирајте студени со студени нијанси и топли со топли нијанси.
  • Подобро да не купувате провидни хулахопки со дезен. Во реалноста дезенот ќе се развлече и ќе изгледа како модринки на вашите нозе.
  • Хулахопките со слики или украси треба да се комбинираат со облека со една боја.
  • Мрежестите хулахопки можат да создадат елегантен изглед. Никогаш немојте да ги носите со мини здолништа, отворени фустани и масивни отворени чевли.

Хулахопки и должина на здолниште

Како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите?

Носењето тенки хулахопки и мини здолниште со кратка јакна не изгледа добро на студено време. Луѓето нема да бидат воодушевени од вашата способност да го издржите студот. Во студените месеци комбинирајте хулахопки со кратки здолништа и долго палто.

Пробајте го овој трик за подолга трајност на вашите хулахопки.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар