Како можете да ја намалите телесната тежина преку консумирање протеини?

Како можете да ја намалите телесната тежина преку консумирање протеини?

Протеините се клучните состојки кога станува збор за слабеење. Истражувањата покажале дека тие можат да ви помогнат да го намалите апетитот. Сепак, доколку мислевте дека треба да го одбегнувате појадокот за да ја постигнете идеалната телесна тежина, се лажете.

Како можете да ја намалите телесната тежина преку консумирање протеини?

Според најновите истражувања, прескокнувањето на појадокот не влијае врз зголемувањето или намалувањето на телесната тежина. Освен тоа, причина плус за да не го пропуштите појадокот е фактот дека придонесува за подобрување на менталните перформанси.

Протеините се несомнено најважните состојки за губење на тежината. Тоа е така бидејќи телото користи повеќе калории за метаболизирање на протеините во споредба со јаглехидратите или мастите. Покрај тоа, протеините ве одржуваат сити подолго време.

Едно истражување покажало дека зголемувањето на внесот на протеини кај жените од 15 на 30% од вкупните калории, им помогнало да внесуваат 441 калории помалку дневно.

Други истражувања, пак, покажале дека појадокот богат со протеини го намалува чувството за глад и придонесува за намалување на внесот на калории до дури 135 калории помалку во текот на денот.

Откако прочитавте за врската меѓу протеините и губењето калории, можеби ќе сакате да прочитате и кои витамини помагаат при согорување калории.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар