Како изгледа љубовта со личност која прекумерно размислува?

Како изгледа љубовта со личност која прекумерно размислува?

Кога сакате некоја личност што прекумерно размислува, вие сакате личност чијшто ум си поигрува со неа, некоја која не може да се справи со начинот на кој размислува и не може да контролира колку размислува. Личноста која прекумерно размислува, секогаш ќе има прашања, ќе се опседнува со одредени нешта, а потоа постојано ќе биде совладувана од илјадници прашања од типот „Што ако…“


Како изгледа љубовта со личност која прекумерно размислува?

Кога сте заљубени во ваква личност, треба да бидете сигурни во вашата врска и да бидете еден чекор понапред од неа, никогаш не дозволувајќи ѝ да се сомнева во нешто. Не само што ќе ѝ кажете дека сте тука за неа, туку исто така треба и да ѝ го покажете тоа. Треба да преземате акции, наместо да изговарате зборови. Треба да бидете внимателни и да разберете кога личноста има прашања за вашето минато или за изминатата вечер. Да разберете кога одеднаш, без некоја особена причина, таа ќе се опседне со страв.

Треба да разберете кога таа мисли дека сѐ е ужасно и страшно, додека во меѓувреме вие мислите дека сѐ е одлично. Личноста не може да се справи со тоа како е програмиран да работи мозокот во нејзиниот живот. Не може да ги запре мислите кои прават да експлодира. На ваквата личност треба да ѝ покажете емпатија. Да ѝ покажете дека нема да ѝ судите кога ќе ве прашува дали ја сакате, по сто пати во еден ден. Да ѝ покажете дека не одите никаде подалеку од неа и дека ја сакате, и покрај тоа колку многу се опседнува со различни мисли и грижи.

Треба да бидете во состојба да комуницирате. Не само да одговорите со еден збор или една реченица, туку секогаш да ги искажувате и своите чувства, наместо да ги сокривате. Личноста која прекумерно размислува ќе се обиде да најде значење во сѐ што ќе кажете или направите, па подобро е секогаш да ја кажувате вистината, иако понекогаш тоа може да биде тешко.

Како изгледа љубовта со личност која прекумерно размислува?

Вие треба да бидете во можност да зборувате за нејзиниот бес, да ја смирите и да ја уверите дека сѐ е во ред. Личноста која прекумерно мисли, ја анализира секоја ситуација, но исто така и луѓето од нејзината околина. Бидете подготвени да имате одговор на сѐ, а и понекогаш треба да очекувате да имате потешки и покомплицирани разговори. Пред сѐ, треба да бидете љубезни.

Да сакате личност која прекумерно размислува, може да биде голем предизвик, но, зар не е секоја љубовна врска предизвик? Бидете свои и покажете ѝ колку ви значи и колку се грижите за неа. Можеби понекогаш ќе ве полуди со нејзините мисли, но ваквата личност ќе ви остане лојална до крајот на животот. Таа ќе ве сака, без разлика колку чудни навики имате. Ќе ве сака, не само затоа што останувате со неа, туку затоа што ја сакате онаква каква што е, иако понекогаш ве полудува.

Прочитајте и за 15-те работи во кои ќе се препознаат оние кои премногу размислуваат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар